Касаноф изјави дека верува во искреноста на Владата која тврди дека справувањето со корупцијата и е една од главните цели.
Американскиот дипломат не сакаше да зборува за тоа каков однос ќе има идната администрација, но кажа дека актуелната на претседателот Бајден ќе продолжи со истите политики кон Северна Македонија се до истекот на нејзиниот мандат во наредните месец и половина.
„Ги препознаваме предизвиците со кои се соочи Северна Македонија за да го постигне полноправното членство во НАТО и од неа се бара уште за да пристапи кон ЕУ. САД стојат цврсто зад Северна Македонија во спроведувањето на реформите кои ќе ја зајакнат економијата, инфраструктурата, јавниот и приватниот сектор, но и заедниците и ќе ја подготви за нејзиното природно место во ЕУ. Тоа вклучува владеење на право и промена на законите. За премиерот борбата против корупцијата е од клучна важност. Како сојузници во НАТО, нашето партнерство никогаш не било посилно и му честитам на премиерот за исполнувањето на двата проценти од БДП наменети за одбраната, но и за поддршката за Украина. Иднината на Северна Македонија е светла и ќе останеме покрај вас за исполнување на вашите цели за просперитетна демократија целосно интегрирана во ЕУ. Несоодветно е на мене да зборувам за новата американска администрација која треба да дојде, но во преостанатите месеци на оваа администрација, ние ќе продолжиме да ги вложуваме нашите напори и политики во однос на Северна Македонија. Сакам да потенцирам дека нашата поддршка во борбата против коруцпија е нешто многу сериозно го сфаќаме и нешто со што се справуваме на неколку начини – имаме неколку програми, а во однос на црната листа не можам да зборувам во детали, но тоа е наш приоритет.“, изјави Александер Касаноф, заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан.
Премиерот Христијан Мицкоски го информираше за процесот на земјата кон ЕУ.
„Кога зборуваат пријатели не може а да не се разберат. Она што останува на нас е да бараме решение за почеток и крајот на ЕУ-процесот. Такво решение треба да бараме, кога ќе почнеме и врз основа на тоа што сме направиле, да го завршиме процесот и да го заземе, како што кажа господинот Касаноф, нашето природно место во ЕУ. А во меѓу време треба да си завршиме домашни задачи како борбата против корупцијата и организираниот криминал за што јас со месеци зборувам, во делот на економските реформи, во делот на спроведувањето на економските мерки.“, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија.
Facebook Forum