Линкови за пристапност

Подводното рударство се засилува на Пацификот, екологистите негодуваат


Подводното рударство се засилува на Пацификот, екологистите негодуваат
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:31 0:00

Рударски компании се фокусираат кон нов извор за ретки и скапи минерали - морското дно. Најмногу во фокус е Пацификот, каде има подводни наоѓалишта на литиум, кобалт, манган, никел и бакар. Но, екологистите остро застануваат против тие ископувања. Известува Џесика Стоун.

Глобалната енергетска транзиција се напојува со критични минерали: литиум...кобалт...манган...никел...и бакар. Меѓународната управа за истражување на морското дно вели дека се во изобилство на Тихиот Океан - формирани во карпи повеќе од четири илјади метри под морето.

Пацифичките островски нации Тонга, Кирибати и Науру соработуваа со канадската компанија за рударство во длабоко море The Metals Company за да истражат „нодули“ ( - или агрегати на минерали - во длабок дел од Тихиот Океан наречен Кларион-Клипертон зона.

„Нашата колекторска методологија е да ставиме робот на морското дно, кој ползи по дното на океанот и испушта млаз вода и создава обратен притисок и го истражува морското дно“, вели Џерард Барон, од компанијата „Метали“.

Но, критичарите како Гринпис и Еди Палу од Здружението за рибарство во Тонга се загрижени дека собирањето на овие карпи богати со минерали ќе го наруши биодиверзитетот. Палу сака тоа да се ограничи.

„Бараме мораториум на ископувањето на морското дно додека не се разберат сеопфатно еколошкиот, социјалниот и економскиот ризик“, вели Палу.

„Знаеме многу малку за површината на морињата, а трката за нивно искористување може да предизвика неповратни штети на луѓето и заедниците на Пацификот“, посочува Шива Гоунден од „Гринпис Австралија - Пацифик“.

Некои научници забележаа дека со малку кислород и без светлина, животот во зоната Кларион-Клипертон е главно ограничен на бактерии и мали безрбетници, иако обемот на биодиверзитетот сè уште е непознат.

Барон тврди дека климатските промени се поголема закана за биолошката разновидност отколку подводното рударство.

„Океаните се под влијание на секоја работа што ја правиме денес, особено глобалното затоплување. Затоа, треба да се справиме со главниот двигател за климатските промени и да ги намалиме емисиите“, вели Барон.

Компанијата Impossible Metals со седиште во САД тестира робот кој може да избегне наоѓалиште на минерали каде што ќе открие живот. Оливер Гунасекара е извршен директор.

„Возилото лебди над морското дно, ја користи камерата и всушност ги зема нодулите, еден по еден. Ова навистина ги минимизира сите негативни влијанија околу големите наноси на седименти“, објаснува Гунасекара.

И компанијата Viridian Biometals ги заобиколува енергетски интензивните процеси како што е топењето со користење на бактерии кои можат да ја одвојат металната руда од карпите околу неа.

„И на бактериите им треба кислород исто како ние за да дишеме. И кога нема доволно кислород во водата околу нив, бактериите научија дека има кислород во карпите и тие се прилагодија на тоа“, вели Ерик Макрис од „Viridian Biometals“.

Додека овие компании продолжуваат со инвентивни мерки, велат дека се посветени на ублажување на еколошката штета што доаѓа од ископувањето на морското дно и намалување на цената на минералите кои придонесуваат за зелената економија, во време на борба за справување со климатските промени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG