Линкови за пристапност

По 60 години, граничниот премин „Маркова нога“ ќе стане реалност


По 60 години, граничниот премин „Маркова нога“ ќе стане реалност
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:43 0:00

По цели 60 години, граничниот премин „Маркова нога“, меѓу Северна Македонија и Грција, ќе стане реалност. Преминот бил во функција до 1967 година, кога бил и затворен. Автор: Мики Трајковски

До 2027 година, треба да се крене рампата на граничниот премин „Маркова нога“ кај Преспа, со кој Северна Македонија ќе се поврзе со Грција, Долго најавуваниот премин од властите во двете држави, повторно ќе стане реалност, откако денес отпочнаа активностите за негова изградба. Финансиски e подржан преку програмата „ЕУ за Преспа“.

„Навистина ова е историски ден за вашата земја. За ЕУ е многу важно која е визијата на граѓаните од трите страни на Преспа и мислам дека тоа што е најважно е да се има визија, која ќе биде фокусирана од луѓето за луѓето, визија која ќе биде фокусирана на размена на искуства, економски развој, повеќе можности за граѓаните“, рече Михаил Рокас, Амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија.

„Изградбата на овој граничен премин ќе покаже дека економскиот напредок и прекуграничната соработка можат да одат рака под рака со одржливоста во животната средина“, рече Армен Григорјан, постојан претставник на програмата за развој на ОН (УНДП).

Почетокот на работите доаѓа цели седум години по потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година, со кој Македонија го промени името во Северна Македонија, а отворањето на преминот беше најавено уште со неговото потпишување.

За македонскиот премиер ова е посебен ден за Преспа. Градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски се надева дека ова ќе помогне во заживување на регионот околу Преспанското Езеро.

„Ова е уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи од едната и другата страна на границата. Мислам дека вакви примери се позитивни и за двете држави и во таа насока, треба и понатаму да се градат односите и да се поврзуваме, затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави“, рече Мицковски.

„Ова е проект кој е од исклучително значење за нашиот регион, за двете страни, проект кој би го заживеал овој дел од Македонија. Се надеваме на многу позитивни приказни во иднина, развој на туризмот, поголем проток на луѓе и секако локалното население да го види својот бенефит од овој проект“, рече Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен.

Граничниот премин „Маркова нога“, бил во функција до 1967 година, по што бил затворен по смената на властите во Грција. До грчка страна води неасфалтиран пат од околу 200 метри, а до првото грчко населено место Лемос, има само три километри. Со децении, жителите од целиот регион, требаше да поминат околу 100 километри, за да стигнат до најблискиот граничен премин со Грција, Меџитлија кај Битола.

„Колку време го чекаме тоа. Ќе ви кажам еден пример. Ние сме моторџии, со мотори одиме Битола, Лерин, Корча и Охрид. Шест пати треба да застанеш за да поминеш преку грнаица. Најубаво е да ги нема границите, но и ова што се отвара е супер“, вели Кирил, жител на Охрид.

„Секое отворање на таков еден премин, секое овозможување на фреквенција и народ од едната и другата страна на двете држави, е добро и за двете држави и за бизнисот и за туризмот, како и за целото население на Балканот. Ќе се растерети преминот што е кај Битола и тоа е добро за Македонија“, рече Гордана, жителка на Охрид.

Жителите од Преспанскиот регион, во минатото, поради близината на населените места со Грција, овој премин го користеле за пазарење и посета на нивни роднини на грчка страна. Границата ја поминувале со т.н. погранични книшки. Велат дека со отворањето на преминот, ќе се зближат уште повеќе со нивните грчки соседи. Се очекува со работа наскоро да почнат и на грчка страна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG