Линкови за пристапност

Трамп: Не смееме да дозволиме политичкото насилство да пушти корени во САД


Сезар Сајок е лицето осомничено за испраќање на сомнителни пратки во САД

Сезар Сајок е лицето осомничено за испраќање на 12-те сомнителни поштенски пратки.

Истражителите изјавија дека се работи за околу 50-годишно лице, со адреса на живеење во Флорида, и кое имало врски со Њујорк.

Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека е задоволен оти полицијата го идентификува и притвори осомничениот.

„Овие акти на тероризам се зло и немаат место во нашата држава“, рече Трамп, нагласувајќи дека САД никогаш не смеат да дозволат политичкото насилство да пушти корени во САД.

Тој додаде дека осомничениот ќе биде казнет согласно највисоките казни предвидени со законот.

Американското Федерално биро за истраги соопшти дека е откриена 11-тата сомнителна пратка адресирана до демократскиот сенатор Кори Брукер.

ФБИ соопшти дека пакетот, кој бил пресретнат во Флорида, бил сличен на оние со импровизирани бомби во цевка кои беа испратени претходните денови до поранешниот претседател Барак Обама, други демократи од висок ранг и критичари на американскиот претседател Доналд Трамп.

Си-Ен-Ен и други медиуми јавија дека во петокот е откриена и 12-тата пратка наменета за поранешниот директор на Националната разузнувачка служба Џејмс Клапер.

Клапер за Си-Ен-Ен во петокот изјави дека не е изненаден што бил цел и рече дека инцидентите се „сериозни“.

Кратко пред да биде приведено осомниченото лице , државниот јавен обвинител Џеф Сешн рече дека полициските службеници „неуморно работат“ на решение и „пронаоѓање на одговорните и нивно изведување пред лицето на правдата“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG