Линкови за пристапност

Сомнителни пакети до Клинтон и Обама


Извештаи за можни експлозивни направи предизвикаа евакуација на Тајмс Ворнер Центарот каде се њујоршката берза и CNN

Тајната служба на САД соопшти дека пресретнала два сомнителни пакети, еден од нив адресиран до поранешиот секретар на државата Хилари Клинтон и другиот адресиран до поранешниот претседател Барак Обама.

Сомнителен пакет е откриен и во Тајмс Ворнер Центарот во Њујорк, кој веднаш е евакуиран. Таму се лоцирани и њујоршката берза и CNN.

Во изјавата на Тајната служба се вели дека пакетот адресиран до Клинтон бил откриен доцна во вторникот. Претходно медиумите известија за сомнителна експлозивна направа испратена по пошта до домот на Клинтон во предградие на Њујорк.

Њујорк Тајмс известува дека направата најдена во близина на домот на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и претседателската кандидатка на демократите во 2016 година Хилари Клинтон е слична со таа што неделава беше ставена во поштенското сандаче пред домот на филантропот Џорџ Сорос.

Властите ја истражуваат поврзаноста помеѓу трите пакети.

Од Тајната служба велат дека вториот пакет адресиран до поранешниот Претседател Обама бил откриен во Вашингтон.

„Пакетите веднаш се идентификувани при редовна процедура на скенирање на поштата како потенцијални експлозивни направи и соодветно беше постапено со нив.“

Не е познато дали семејството Обама било дома кога е откриен пакетот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG