Линкови за пристапност

Се истражуваат сомнителните пакети за Обама, Клинтон и CNN


Секој кој што е одговорен за овие терористички акти ќе биде изведен пред лицето на правдата, соопштија од Белата куќа

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс рече: „Ги осудуваме обидите за насилни напади врз поранешниот претседател Обама, поранешниот претседател Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и останатите јавни личности. Секој кој што е одговорен за овие терористички акти ќе биде изведен пред лицето на правдата.“

Изјавата од Сандерс следи откако тајната служба на САД соопшти дека пресретнала два сомнителни пакети, еден од нив адресиран до поранешиот секретар на државата Хилари Клинтон и другиот адресиран до поранешниот претседател Барак Обама.

Сомнителен пакет е откриен и во Тајмс Ворнер Центарот во Њујорк, локација која веднаш била евакуирана, а каде се наоѓаат и њујоршката берза и CNN.

CNN објави дека пакетот бил упатен до поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, отворен критичар на Трамп. Тој не работи за CNN, но е соработник на друга мрежа, MSNBC.

Во изјавата на Тајната служба се вели дека пакетот адресиран до Клинтон бил откриен доцна во вторникот. Претходно медиумите известија за сомнителна експлозивна направа испратена по пошта до домот на Клинтон во предградие на Њујорк.

Тајната служба на САД и други државни агенции за спроведување на законите работат на истрагата и ќе ги преземат сите неопходни мерки за да го заштитат секој кој што е загрoзен од овие кукавици
Сара Сандерс

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс исто така рече: „Тајната служба на САД и други државни агенции за спроведување на законите работат на истрагата и ќе ги преземат сите неопходни мерки за да го заштитат секој кој што е загрoзен од овие кукавици.“

Потпретседателот Мајк Пенс, на Твитер, ги осуди „обидите за напад“ на Обама, Клинтон, CNN и други.

Њујорк Тајмс извести дека направата најдена во близина на домот на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и претседателската кандидатка на демократите во 2016 година Хилари Клинтон е слична со таа што неделава беше ставена во поштенското сандаче пред домот на филантропот Џорџ Сорос, еден од покрупните донатори на демократски кандидати.

Властите ја истражуваат поврзаноста помеѓу трите пакети.

Од Тајната служба велат дека вториот пакет адресиран до поранешниот Претседател Обама бил откриен во Вашингтон.

„Пакетите веднаш се идентификувани при редовна процедура на скенирање на поштата како потенцијални експлозивни направи и соодветно беше постапено со нив.“

Не е познато дали семејството Обама било дома кога е откриен пакетот. Сепак и Обама и Клинтон не ги добиле пакетите, ниту пак биле изложени на ризик да ги добијат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG