Линкови за пристапност

Откриени уште два сомнителни пакети


По откривањето на два нови сомнителни пакети, еден до демократскиот сенатор Кори Букер и другиот адресиран до поранешниот директор на Националната разузнавачка служба Џејмс Клапер и до Си-Ен-Ен, бројот на сомнителни пакети се искачи на 12

Њујоршката полиција утрово интервенираше во пошта на Менхетн по претходно предупредување за сомнителен пакет, кој истовремено бил адресиран и до поранешниот директор на Националната разузнавачка служба Џејмс Клапер и до Си-Ен-Ен.

Клапер, кој што е соработник на Си-Ен-Ен, рече дека ова е „домашен тероризам“.

Ова е 12-ти пакет во серијата сомнителни пратки испратени во политичари и медиуми во САД – сите критичари на Трамп.

Претходно ФБИ на Твитер соопшти дека единаесеттата пратка, адресирана до демократскиот сенатор од Њу Џерси Кори Брукер, е откриена во четвртокот во Флорида.

Во пакетите се наоѓале импровизирани експлозивни направи.

Претходно ФБИ на Твитер соопшти дека единаесеттата пратка, адресирана до сенаторот Кори Брукер, е откриена во четвртокот во Флорида.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG