Линкови за пристапност

Трамп: За закани и насилство нема место во САД


„Сакам да ви кажам дека во овие времиња мораме да се обединиме, мораме да се здружиме и да испратиме една многу јасна, силна, непогрешлива порака дека за актите или заканите на политичко насилство од било кој вид нема место во Соединетите Американски Држави. Безбедноста на Америкаците е мој највисок и апсолутен приоритет“, рече претседателот на САД Доналд Трамп денеска на прес конфренција во Белата куќа

Трамп дојде заедно со својата сопруга Меланија.

„На нашите служби им треба поддршка за да го запрат криминалот. Горда сум на нашиот претседател и на нашите служби за извршената работа“, рече првата дама на САД најавувајќи го говорот на Трамп.

Прес конференцијата беше во врска со неколку сомнителни пакети пронајдени од Тајната служба на САД за кои се верува дека биле експлозивни направи.

Имено, таквите пратки биле адресирани до поранешиот секретар на државата Хилари Клинтон, поранешниот претседател Барак Обама, Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан и Ерик Холдер, јавниот обвинител за време на администрацијата на Обама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG