Одговори и одговорност побараа пациентите на денешната средба со обвинителите кои ја водат предистрагата за скандалот на Онкологија. Дале насоки кои лекови да се испитуваат а добиле уверување дека доколку е потребно ќе биде назначен уште еден односно трет обвинител да работи на случајот. Ги повикаа сите пациенти и граѓани кои имаат сомнежи да ги пријават во Обвинителството или кај нив а од партиите побараа да ги остават на мир
СКОПЈЕ – Ако поминете во 19 часот покрај зградата на Обвинителството ќе видите десетина граѓани и онколошки пациенти со транспаренти во рацете на кои се испишани пораки и барања за одговорност и казни. Денеска, на барање на Обвинителството, дел од нив влегоа во зградата пред која ги минуваат последните три вечери, и се сретнаа со двајцата обвинители кои ја водат предистрагата за скандалот на Клиниката за Онкологија.
Прецизна, ефикасна и темелна истрага се дел од барањата кои им беа испорачани на двајцата обвинители и ги повикаа сите кои имаат било какви сомневања или информации за корупција, мито или манипулација со терапија на Клиниката да дојдат во Обвиниелството или пак да контактираат со нив.
„Бараме одговорност и вистина. Да се направат детални испитувања и длабински да се прочешлаат историите, како и број на истории кои се чешлаат. Прашаваме дали е веќе формирана комисијата која ќе им помага на обвинителите во анализата на документацијата и кои профили на доктори се во составот. Листа на лекови, дали е венмска или таблетарна терапија. Колку години наназад се случува ова. Имаме барање по случаен избор да се изберат онколошки пациенти кои ќе имаат континуиран увид во истрагата иќе сведочат за нејзината веродостојност. Сакаме во истрагата да бидат вклучени претставници на сите партии за да не се звашри со зборот политика“, вели Анжелика Колева, пациент на Онкологија
Онколошките пациенти им ги пренеле своите искуства информации и знаења на обвинителите и во таа насока им посочиле неколку типа на лекови, цитостатска терапија, за кои сметаат дека треба да се испитува дали и како се терапирале. Она што е клучно е дека тие на обвинителите им дале насоки за дополнителни лекови за кои сметаат дек атреба да се испитува и добиле уверување дека доколку има потреба ќе биде назнаен и трет обвинител да работи во предистрагата.
„Ние денеска потенциравме и посочиве на неколку типа на лекови кои ни беа посочени од онколошки пациенти. И оваа истрага ќе се ѓири на секој нареден лек кза кој сметаме или имаме сознанија од пациенти дека се сомневаат дека нешто е направено со тој лек. Апелот ми е до сите. Не само до оние кои се на терапија туку и оние кои завшриле со терапијата и оние кои ги загубиле најблиските да истапат напред за да знае Обвинителството и да му помогнеме да се движи во точна насока“, изјави Ана Марјановиќ, пациент на Онкологија.
Вечерва но и во наредните денови тие повторно ќе бидат пред зградата на Обвинителството за да потсетат дека чекаат одговори и одговорност.
„Протестите продолжуваат меѓутоа се оградуваме од секаков говор на омраза, политизирање или партизирање. За жал ракот навистина добива на замав и треба да се фокусираме пациентите да добијат подобар третман а креаторите на политики да искреираат подобри политики а партиите да се држат по страна од ова“, кажа Вања Мицевска,пациент на Онкологија
Трите пациенкти на Онкологија им се заблагодарија на докторите и медицинскиот тим на Клиниката бидејќи покрај сите притисоци тие совеснои си ја врѓат работат и спасуваат човечки животи.
Уверувањата на министерот Меџити и директорката на Онкологија Клисарова дека од ноември минатата година нема манипулации со терапијата за тешкоболните пециенти, едноставно не е доволно за нив
„ Јас лично не ја прифаќам изјавата на директорката на Онкологија дека од ноември наваму се сигурни во терапиите кои се давале. Зошто? А каде се тие од пред ноември 2022 година и години наназад?“, праша Колева.
Останува отворено прашањетозошто КАТО системот преку кој прецизно се следи терапијата и се спречуваат кражби и мануплации не е во функција од 2017 година. Пратениците дури сега одлучија да го разгледаат извештајот на Државниот ревизор за работењето на Онкологија во 2021 година кој е објавен пред пет месеци, во април, а во кој се нотирани наоди за манипулации при тераприањ ена пацинети, лошо менаџирање и катастрофално финансиско работење.
По речиси една недела од претрестите на Онкологија и заплената на компјутери и документација од Обвинителството нема никакви информации за тоа дали, кој и кога манипулирал со терапијата на тешко болните пациенти и потоа ја препродавал на црниот пазар.
Одговори и одговорност побараа пациентите на денешната средба со обвинителите кои ја водат предистрагата за скандалот на Онкологија. Дале насоки кои лекови да се испитуваат а добиле увреување дека доколку е потребно ќе биде назначен уште еден,. Трет обвинител да работи на случајот. Ги повикаа сите пациенти и граѓани кои имаат сомнежи да ги пријават во Обвинителството или кај нив а од партиите побараа да ги остават на мир
СКОПЈЕ – Ако поминете во 19 часот покрај зградата на Обвинителството ќе видите десетина граѓани и онколошки пациенти со транспаренти во рацете на кои се испишани пораки и барања за одговорност и казни. Денеска, на барање на Обвинителството, дел од нив влегоа во зградата пред која ги минуваат последните три вечери, и се сретнаа со двајцата обвинители кои ја водат предистрагата за скандалот на Клиниката за Онкологија.
Прецизна, ефикасна и темелна истрага се дел од барањата кои им беа испорачани на двајцата обвинители и ги повикаа сите кои имаат било какви сомневања или информации за корупција, мито или манипулација со терапија на Клиниката да дојдат во Обвиниелството или пак да контактираат со нив.
„Бараме одговорност и вистина. Да се направат детални испитувања и длабински да се прочешлаат историите, како и број на истории кои се чешлаат. Прашаваме дали е веќе формирана комисијата која ќе им помага на обвинителите во анализата на документацијата и кои профили на доктори се во составот. Листа на лекови, дали е венмска или таблетарна терапија. Колку години наназад се случува ова. Имаме барање по случаен избор да се изберат онколошки пациенти кои ќе имаат континуиран увид во истрагата иќе сведочат за нејзината веродостојност. Сакаме во истрагата да бидат вкјлучени претставници на сите партии за да не се звашри со зборот политика“, вели Анжелика Колева, пациент на Онкологија
Онколошките пациенти им ги пренеле своите искуства информации и знаења на обвинителите и во таа насока им посочиле неколку типа на лекови, цитостатска терапија, за кои сметаат дека треба да се испитува дали и како се терапирале. Она што е клучно е дека тие на обвинителите им дале насоки за дополнителни лекови за кои сметаат дек атреба да се испитува и добиле увреување дека доколку има потреба ќе биде назнаен и трет обвинител да работи во предистрагата.
„Ние денеска потенциравме и посочивме на неколку типа на лекови кои ни беа посочени од онколошки пациенти. И оваа истрага ќе се ѓири на секој нареден лек кза кој сметаме или имаме сознанија од пациенти дека се сомневаат дека нешто е направено со тој лек. Апелот ми е до сите. Не само до оние кои се на терапија туку и оние кои завршиле со терапијата и оние кои ги загубиле најблиските да истапат напред за да знае Обвинителството и да му помогнеме да се движи во точна насока“, изјави Ана Марјановиќ, пациент на Онкологија.
Вечерва но и во наредните денови тие повторно ќе бидат пред зградата на Обвинителството за да потсетат дека чекаат одговори и одговорност.
„Протестите продолжуваат меѓутоа се оградуваме од секаков говор на омраза, политизирање или партизирање. За жал ракот навистина добива на замав и треба да се фокусираме пациентите да добијат подобар третман а креаторите на политики да искреираат подобри политики а партиите да се држат по страна од ова“, кажа Вања Мицевска,пациент на Онкологија
Трите пациенкти на Онкологија им се заблагодарија на докторите и медицинскиот тим на Клиниката бидејќи покрај сите притисоци тие совеснои си ја врѓат работат и спасуваат човечки животи.
Уверувањата на министерот Меџити и директорката на Онкологија Клисарова дека од ноември минатата година нема манипулации со терапијата за тешко болните пациенти, едноставно не е доволно за нив
„Јас лично не ја прифаќам изјавата на директорката на Онкологија дека од ноември наваму се сигурни во терапиите кои се давале. Зошто? А каде се тие од пред ноември 2022 година и години наназад?“, праша Колева.
Останува отворено прашањето зошто КАТО системот преку кој прецизно се следи терапијата и се спречуваат кражби и мануплации не е во функција од 2017 година. Пратениците дури сега одлучија да го разгледаат извештајот на Државниот ревизор за работењето на Онкологија во 2021 година кој е објавен пред пет месеци, во април, а во кој се нотирани наоди за манипулации при терапирање на пациенти, лошо менаџирање и катастрофално финансиско работење.