Обвинителството и денеска без нови информации околу наводите за манипулации со цитостатската терапија на тешко болните пациенти на Онкологија која потоа се препродавала на црно а ан пациентите им се давал само физиолошки раствор. Нема одговор и зошто КАТО системот кој овозможува прецизно следење на терапијата не е во функција и со тоа се овозможува злоупотреби и кражби. Пациентите и денеска дојдоа за терапија или преглед на Клиниката, се жалат дека чекаат со часови и бараат подобра организација и услови
СКОПЈЕ – Анкетна комисија во Собранието ќе утврдува дали во скандалот на Клиниката за Онкологија има политичка одговорност на функционерите во Владата и на Клиниката и дали на пациентите им биле загрозени човековите права. Барањето за формирање Комисја дојде од редовите на опозициската ВМРО – ДПМНЕ а Комисијата ќе има 14 члена – пратеници, шест од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, два од ДУИ и еден од Алијанса за Албанците.
Собранието, исто така на барање на Опозицијата, го усвои и предлогот да се разгледа извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Клиниката за Онкологија во 2021 година кој е објавен уште пред пет месеци - во април а во кој се нотирани низа пропусти во начинот на функционирањето на Клиниката и ред се во терапирањето на пациентите и можност за злоупотреби.
Денеска на Клиниката за Онкологија стотина пациенти дојдоа за да ја примат препишаната терапија или да се консултираат со лекарите за натамошниот тек во борбата против болеста. Клиничката зграда чекалните и просториите се претесни за нив па дел од од пациентите беа надвор и чекаа да дојдат на ред.
Токму времето минато во чекање, лошите услови во просториите за преглед и терапирање и недостаток на лекови се дел од проблемите кои пациентите ги посочија.
„ Еве веќе четири и пол часа чекам на ред ама редот не се почитува. Не знам каде е проблемот но сите ние доаќаме поради мака. Некои од далелу некои од Скопје. Не ми е сеедно за бидејќи тие што се од тука не го почитуваат редот. И докторот нема што да прави, колку што гледам јас. Сега да се расправам со некого не е во ред. Јас барам да се почитува редот. Во лекарите и во терапијата немам доверба но во раководството на клиниката немам“, вели пациент од Гостивар.
Некои од пациентите се збунети откако во јавноста излегоа наводи за манипулации со терапијата.
„ Не знам на што да верувам. Примав терапија. Да во кеса проѕирна течност. Сега се фаќам како размислувам дали тоа било терапија или само физиолшки раствор“, изјави пацеинтка од Скопје.
Дел од пациентите не ја згубиле довербата во лекарите но бараат додколку се потврдат наводите најстори затворски казни за оние кои им ја краделе терапијата.
„На оваа Клиника сум пациент четири години и четири месеци. Преку педесзет терапии имам примено. Сега ја примам биолошката терапија. Ми пречи ова што се случува и хајката на вработените во Клиниката. Јас сум жив благодарение на персоналот тука. Дека недостасуваат многу работи недостасуваат. Нема доволно сточлиња, лекари и доктори. Ако некој крадел наместо пет нека го осудат на педесет години. Сфатете четири и пол години јас сум жив и се израдував на три внуци. Да не беше персоналот и Клиниката мене ќе ме немаше“, вели скопјанецот Димитар Јовановски
Неодстаток од простор, кадар, материјали, терапија и средства се само дел од проблемите кои ги нотираше директорката на Клиниката за Онкологија, Виолета Клисарова. Интерните анализи покажале дека бројот на пациенти од 2017 година е во постојан пораст а само годинава имаат фрапантни пет илјади нови пациенти. Годишно вршат и по 90 илјади прегледи.
Едно од клучните прашања кое останува неодговорено е зошто од 2017 година не е во функција КАТО системот преку кој прецизно се следи патот на терапијата, односно набавка издавање и терапирање и со тоа се ограничува можноста за малверзации и кражби.
Од Обвинителството и денеска без нови информаци за предистрагата и дали и што е откриено во документацијата и компјутерите кои беа запленети во петокот во претреси на Клиниката но и во домови на вработените. Засега нема приведени а од Обвинителството соопштија дека ќе се формира стручен тим кој ќе ја анализира запленетата документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата.
Кога станува збор за ревизорскиот извештај нотирани се пропусти при набавка на биолошка терапија, акцелератор кој фаќа прав, монополски тендери, лошо планирање на системот за приклучување на пациенти на терапијата, пречекорување на Буџетот за над 10 милиони евра и ненаплатени долгови од речиси 3,5 милиони евра. Во процесот на терапирање на пациентите, ревизорите утврдиле дека во 2021 година немало протокол и докторите одлучувале кој ќе добие биолошка терапија без да се провери залихата на терапијата и дали има доволно за пациентите кои веќе се поставени на оваа терапија што подоцна било корегирано.
Во март годинава медицинска сестра од дневната болница на Клиниката украде дваесетина ампули од различни видови цитостатици вредни неколку илјади евра и откако беше идентификувана преку видео-надзорот се предозира со апчиња и беше хоспитализирана на Клиниката за токсикологија.