Линкови за пристапност

Терапијата која во моментов им се дава на пациентите на Онкологија е соодветна, уверува министерот Меџити


Пациентите се безбедни и нема манипулација со терапијата откако сме поставени на функциите уверуваат министерот за здравство Фатмир Меџити и директорката на Клиниката за Онкологија, др Виолета Клисарова. Во Клиниката се сменети дел од протоколите, формиран е колегиум кој одредува кој пациент каква терапија ќе прима и е ограничен пристапот на лица до клиничката амбуланта. Обвинителството продолжува со собирање докази и ќе формира тим кој ќе ја анализира запленетата документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата. Партиите согласни дека одговорност мора да има

СКОПЈЕ – Во моментов нема никакви манипулации со терпаијата на тешко болните пациенти на Клиниката за Онкологија а дали имало треба да даде одговор истрагата на МВР и Обвинителството. Ова е заклучокот од денешната прес конференција на министерот за здравство Фатмир Меџити и в.д. директорката на Клиниката за Онколоија Виолета Клисарова.

Клисарова соопшти дека сменила дел од протоколите, вовела стручен Козилиум составен од званаесет лекари кои одредуваат кој пациент каква терапија ќе добие но и го ограничила пристапот во клиничката амбуланта каде се чува терапијата а каде сега може да влезат само неколку медицински лица. Таа знае дека е нарушена довербата на граѓаните и пациентите и побара да не се генерализира бидејќи голем дел од вработените во Клиниката совесно ги извршуваат своите работни задачи.

„Една од безбедносните мерки е и веќе ограничен број на сестри, точно по распоред секој ден се знае. Тој влез веќе е строго ограничен и не е отворен за сите сестри од дневната болница туку само за оние кои секојдневно работат. Се знае секој ден кој доаѓа во допир со нерастворен лек. Сметав дека нема потреба во тој дел да се движат и омние сестри кои не се вклучени во процесот на подготовка. Тој дел е обезбеден. Апелирам до пациентите. Ве молам да разберете. Лековите нормално се разредуваат во физиолошки раствор, но тоа не значи дека некому ќе му се даде без лек терапија или ќе му се преполови доза. Од ноември 2022 година одговорно тврдам дека секој пациент ја добива терапијата без никаква манипулација со лековите“, изјави Клисарова.

Кога станува збор за кражбите на терапијата, Клисарова кажа дека единствено е запознаена со кражбите извршени од медицинска сестра кои беа објавени во јавноста. Станува збор за иста сестра која и во 202година украла цитостатици но , за разлика од нејзиниот претходник Васев Клисарова и дала отказно решение во мај годинава.

Околу КАТО системот, преку кој прецизно се следи патот на терапијата, односно набавка издавање и терапирање и со тоа се ограничува можноста за малверзации и кражби, кој е набавен во 2016 година и во 2017 година е исклучен односно не е во функција министерот Меџити изјави дека се прават анализи дали да се врати во функција или да се набави нов.

„КАТО системот не е фрлен. Веќе нолку месеци се прават финансиски анализи дали КАТО системот да се врати во функција или да се обезбеди нов систем за контрола на терапија. Веќе имаме неколку состаноци и со новиот ребаланс на Буџетот е предвидено обезбедување на систем кој долгорочно ќе ги спречи евентуалните злоупотреби во иднина. Утрово одржав состанок со директорите на Онкологија а утре и со стручниот Конзилиум кој одлучува кои пациенти каква и колку терапија ќе примат. Со Конзилиумот се спречува самостојно едностано одлучување за терапија за пациентите. Јас инсистирам на уште построги контролни механизми и ќе барам месечни извештаи од двајцата директори. Терапијата која ја добиваат пациентите е соодветна и ефикасна и молам да не се генерализира и напаѓа целиот персонал на Клиниката“, изјави Меџити.

Тој е дециден дека случајот мора да се расчисти и нема да дозволи никакви манипулации и нагласи дека пациентите ја добиваат препишаната терапија. Ги повика сите кои имаат инфромации за евентуални злоупотреби а го контактираат министерството или истражните органи.

„Ќе направам се што е во моја моќ овој случај да се расчисти да се утврди и санкционира одговорноста за секој за кого ќе се докаже дека има удел во овој вид злосторство и ќе создадам услови никогаш да не се повтори. Министертсвото тесно ќе соработува со органите на прогонот за да се обезбеди темелна и непристрасна истрага. Никој од здравствениот систем нема и не смее на ниеден начин да се обиде да ги заштити престапниците. Будно ќе го следам процеос и доколку поединици од здравствениот систем се обидат да манипулираат истрагата остро ќе реагирам“, рече Меџити.

Од Обвинителството пак соопштија дека сеуште се вршат претреси и се прибираат докази, издадени се наредби за вештачење и ќе биде формиран посебен стручен тим.

„ Во континуитет се издаваат наредби и се обезбедуваат докази кои треба да ја проверат вистинитоста на наводите изнесени во новинарските истражувања објавени во последните недели.Соодветните наредби за анализа на одземените компјутери и компјутерски податоци при претресите се веќе издадени. Истражните органи вршат распити на сите лица кои имаат сознанија за противправни дејствија. Основното јавно обвинителство Скопје ќе формира тим од стручни лица кои ќе ја анализираат медицинската документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата“,соопштија од Обвинителството.

Во обвинителството се водат три истраги за кражба на цитостатици од Онкологија и тоа две против медицинската сестра за која од МВР се доставени пријави за кражба во обид и за послужување како и против лице од Дебар за поткуп кое е во судска постапка.

Политичарите и партиите едногласни дека одговорност за скандалот на Клиниката за Онкологија мора да има. Претседателот Стево Пендаровски констатираше дека здравствениот систем потфрлил, со што е изгубена довербата кај болните од рак и се доведува во прашање квалитетот на лекување на секој иден пациент.

„ Повикувам на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата и на судско-обвинителско процесуирање без селективност и соодветна казна...Крајно време е системот да потврди дека сме способни да се справуваме со тешки облици на организиран криминал и корупција и конечно да ја прекинеме културата на неказнивост за сериозни прекршувања на законите“, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Премиерот Ковачевски најави дека нема да има пардон за никого во овој грозен случај и го разбира бесот и огорченоста на граѓаните и повторно побара да не се обвинува целата здравствена фела.

„Нема да се дозволи никаков притисок – ниту политички ниту етнички ниту било каков друг. Инволвираните, ако сакаат нека бидат членови и на свети СДСМ и на свето ВМРО и на свети ДУИ – тој што се огрешил, има да одговара“, зиајви Ковачевски.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ смета дека станува збор за криминална организација блиска до власта и повторно побара избори но и оставка на Владата.

„ Згрозен сум од тоа што се случува. Ние уште пред две години алармиравме дека ова се случува на таа Клиника. Потребна е не само кривична туку и политичка одговорност. Ако има барем малку човечност во Владата треба да си поднесат неотповиклива оставка и да одиме на брзи избори“, изајви претседателот на партијата, Христијан Мицкоски

Владеачката ДУИ бара одговорните да излезат пред лицето на правдата, но да не се злоупотребуваат за политички цели во време кога државата е исправена пред уште еден предизвик.

XS
SM
MD
LG