Линкови за пристапност

Премиерот Ковачевски дециден: „Одговорност за скандалот на Онкологија ќе има, тој има име и презиме“


Јавноста, премиерот, политички партии. Сите се згрозени од криминалот на Клиниката за Онкологија и нехуманоста на дел од медицинскиот перисонал кои краделе од скапата терапија за тешко болните пациенти за да ја препродаваат на црниот пазар. Премиерот побара од јавноста да не генерализира и да не се напаѓа целата лекарска фела. Јавноста пак бара оставки и најстроги затворски казни а на социјалните мрежи се споделуваат сведоштва на граѓани за третман на нивни блиски кои ја загубиле битката со болеста со сомнежи дека имало манипулации со терапијата а се побројни се повиците за протести

СКОПЈЕ – Не стивнуваат реакциите по отварањето на предистрага на Обвинителството за криминал на Клиниката за Онкологија каде доктори и здравствени работници краделе од скапата терапија на пацинетите и ја продавале на црниот пазар и извршените претресии и заплени на компјутери и документација.

Јавноста е згорзена и револтирана од наводите за криминал и се погласни се барањата за лоцирање на одговорност и најстроги затворски казни како и најавите за протест.

Премиерот Ковачевски смета дека станува збор за грозни наводи за криминал и нагласи дека одговорност ќе има и ќе биде прецизно идентификувана а надлжените институции имаат потполна поддршка во расчистување на скандалот.

Димитар Ковачевски: Она што можам да го кажам е дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен
Димитар Ковачевски: Она што можам да го кажам е дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен

„Се работи за наводи кои се грозни и коишто не смеат да се случуваат, а за кои наводи сме слушале во текот на изминатите 20 години. Ова е прв пат да биде спроведена една ваква, обемна акција за идентификување на можни сторители на вакви дела. Секој криминал има свое име и презиме, има одговорност и задачата на МВР и Јавното обвинителство е да обезбедат докази врз основа на кои ќе бидат идентификувани сторителите, а повторувам, од страна на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и од Владата нема да има никакви интервенции во однос на заштита на било кого, бидејќи се работи за навистина грозни наводи. Она што можам да го кажам е дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен и затоа повикувам и МВР и обвинителството непречено да ја извршуваат својата работа, да ги идентификуваат можните сторители врз основа на докази и затоа ја имаат нашата целосна поддршка“, изјави Ковачевски.

Премиерот Ковачевски најави дека оставки ќе има без да прецизира од кого и побара од јавноста да се воздржи од нападите врз лекарската фела потенцирајќи дека во овој скандал одговорноста има име и презиме.

На социјалните мрежи се споделуваат сведоштва на граѓани за третман на нивни блиски кои ја загубиле битката со болеста полни со сомнежи дека имало манипулации со терапијата од вработени во Онкологија а веќе е најавен и протест за утре во 18 часот зад кој стои група на граѓани.

Вчера од Лекарската комора изразија загриженост поради наводите за злоупотреби со терапија на пациентите, дадоа поддршка на институциите во расчистување на скандалот и побараа да се идентификуваат виновниците бидејќи на Клиниката за Онкологија има чесни здравствени работници кои своесно ги извршуваат работните задачи.

Државните ревизори во април годинава го објавија извештајот за работата на Клиниката за 2021 година каде е нотирано дека во процесот на терапирање на пациентите во 2021 година немало протокол и докторите одлучувале кој ќе добие биолошка терапија без да се провери залихата на терапијата и дали има доволно за пациентите кои веќе се поставени на оваа терапија што подоцна било корегирано.

Во март годинава медицинска сестра од дневната болница на Клиниката украде дваесетина ампули од различни видови цитостатици вредни неколку илјади евра и откако беше фатена преку видео-надзорот се предозира со апчиња и беше хоспитализирана на Клиниката за токсикологија.

Случајот Онкологија предизвика и партиски реакции па така од владеачката СДСМ им дадоа поддршка на институциите за расчистување на случајот и повикаа да нема сензационализам и етикетирање на сите доктори и медицински персонал. Од ВМРО – ДПМНЕ соопштија дека тие предупредиле за случајот уште пред две години и најавија политичка и кривична одговорност додека ЛДП пак соопштија дека мора да се идентификуваат лицата одговорни за злоупотребите на Онкологија.

XS
SM
MD
LG