Од Обвнителството нема да споделуваат инфромации за да не и се наштети на истрагата. Собраниска Анкетна комисија ќе ги испутва наводите на државните ревизори за работењето на Онкологија во 2021 година кои се објавени уште во април. Поранешниот економски директор на Клиниката ја хоспитализирал неговата мајка на Клиниката иако не била болна од канцер
СКОПЈЕ – Пет дена по извршените претреси во Клиниката за Онкологија и во домови на две лица од Обвинителството соопштија дека нема да даваат дополнителни информации за да не се наруши текот на истрагата. Се вршат распити и се анализира документација е одговорот од Обвинителството.
„ Јавното Обвинителство и МВР интензивно преземаат дејствија за проверка на наводите, меѓутоа со оглед на фазата во која се наоѓа постапката обвинителството не е во можност да споделува детали. Меѓу останатите бројни дејствија, во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Исто така, отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази. Јавното обвинителство го разбира интересот на јавноста за овој предмет и во оној момент кога ќе се стекнат објективни услови без да се наруши текот на постапката, соодветно ќе информира за сите резултати од преземените дејствија“, стои во соопштението на Обвинителството.
Од Обвинителството нема прецизен одговор дали при претсресите во просториите на Клиниката е најдена скапата цитостатска тераија во канцеларии на вработи која требало да биде чувана во клиничката амбуланта.
Во меѓувреме, поранешниот економски директор на Клиниката за Онкологија, Нехат Нухи, потврди дека неговата мајка во време на пандемијата со КОВИД 19 се лекувала на Клиниката со дозвола на медицинскиот директор иако не била болна од канцер.
Утрово пак министерот за здравство, Фатмир Меџити, присуствуваше на редовниот состанок на стручниот онколошки колегиум, кој се одржува еднаш неделно, и со лекарите разговараше за воспоставениот систем на работа на Клиниката, начинот на контрола на терапијата, соодветна и навремена терапија за секој пациент, како и за механизмите за елеминирање на какви било злоупотреби со терапиите.
Колегиумот го воведе актуелната в.д директорка на Клиниката во ноември минатата година и само со соглсност од сите членови може на пациент да му се одреди лекување со биолошка терапија за разлика од минатото кога за тоа одлучуваше само медицинскиот диекрот Васев.
Собранието вчера изгласа формирање на Анкетна комисија која ќе ги испитува наводите во извпетајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на Клиниката за Онкологија во 2021 година кој е објавен уште во април годинава а во кој се нотирани низа пропусти во начинот на функционирањето на Клиниката и ред се во терапирањето на пациентите и можност за злоупотреби.
Обвинителството отвори предистрага по наводите во медиумите дека на Клиниката за Онкологија има криминална мрежа од вработени кои манипулираат со терапијата на тешко болните пациенти, ги терапираат со обичен физиолошки раствор а терапијата ја продаваат на црниот пазар и во петокот изврши претрес во Клиниката и во домови на вработени.