Линкови за пристапност

Омразата кон ЛГБТИ+ заедницата во САД се зголемила во 2023 година


Омразата кон ЛГБТИ+ заедницата во САД се зголемила во 2023 година
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:41 0:00

Неодамнешен извештај покажа дека омразата и екстремизмот во САД се зголемиле во 2023 година, со рекорден број бели националисти и групи против ЛГБТИ+ заедницата кои се обидуваат да ја поткопаат инклузивната демократија во земјата. Известува Вероника Иглесијас. .

ЛГБТИ+ заедницата беше една од главните таргети на омраза и екстремизам во САД во 2023 година, се вели во неодманешен извештај од страна на Јужен центар за правна заштита на сиромашни.

Истражувачите велат дека реториката со омраза и антивладини теории на заговор, исто така, негативно влијаеле врз имигрантите, обоените луѓе и малцинските верски заедници.

„И екстремистите, оние кои се противат на инклузивната демократија, ја поминаа минатата година легитимизирајќи го бунтот, прикажувајќи ја омразата како доблесна, и трансформирајќи ги теориите на заговор во мејнстрим наративи. И сите тие се во подготовка, би рекол, за еден од најзначајните избори во нашата историја“, вели Р.Г. Крејвенс, аналитичар за правни прашања.

Вкупно 835 антивладини групи биле активни минатата година, додека претходната година имало 702.

Извештајот покажа дека бројот на активни групи на омраза во САД се искачил на 595 минатата година, од 523 претходната година.

Крејвенс вели дека групите имаат политичка специфична цел.

„Да се ограничи плурализмот, значи да се ограничи учеството. Тоа е да се ограничи самата демократија“, вели Крејвенс.

Американскиот претседател Џо Бајден се претставува како единствена остварлива опција на претседателските избори во ноември за да се запре реториката исполнета со омраза.

„Нема да дозволам Доналд Трамп да ја претвори Америка во место кое не верува во чесност, пристојност и не ги третира луѓето со почит. И ќе бидам проклет ако му дозволам на Доналд Трамп да ја претвори Америка во место исполнето со гнев, незадоволство и омраза“, рече Бајден.

Доналд Трамп, републиканскиот претседателски кандидат, предизвика дебата кога како претседател ги обвини двете страни за насилни судири на митинг на белите националисти во 2017 година во Шарлотсвил, Вирџинија, кој избувна меѓу демонстрантите и контрадемонстрантите.

За време на демонстрациите, бел националист намерно влета со својот автомобил во толпа контрадемонстранти, при што уби една жена и рани повеќе од 30 луѓе.

Тогашниот претседател Трамп се осврна на насилството, нарекувајќи го „еклатантен приказ на омраза, фанатизам и насилство од многу страни“.

Трамп застана на страната на групите за забрана на книги, како што е „Мајки за слобода“, кои Јужен центар за правна заштита на сиромашни повторно ги наведе во 2023 година како „антивладина екстремистичка група“ што се спротивставува на инклузивното образование.

„Радикалната левица дури ги клевети „Мајки за слобода“ за таканаречена група на омраза. Можете ли да замислите, група на омраза „Мајки за слобода“?“, рече Трамп.

„Мајки за слобода“ го одбија барањето за интервју на Гласот на Америка. Експертите велат дека кандидатите мора да бидат внимателни со нивната реторика за да го смират секој потенцијал за насилство пред општите избори во ноември.

„Бајден да продолжи да биде присутен и да зборува за мирот, но и за важноста на гласањето воопшто. Во однос на поранешниот претседател Трамп, тој е на незгодно место, бидејќи тој сигурно добива поголема поддршка кога користи екстремистички јазик, но како резултат на тоа, тој исто така ги маргинализира популациите што би можеле да гласаат“, смета Тил Ротшилд од Универзитетот „Роџер Вилијамс“.

Ротшилд, исто така, им предлага на гласачите да внимаваат на теориите на заговор на мејнстрим и социјалните медиуми кои може дополнително да ја поттикнат омразата и екстремизмот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG