Линкови за пристапност

Олабавување или построги мерки, какви закони за оружјето ќе донесе новиот станар на Белата куќа?


Жртвите на огнено оружје и сопствениците на оружје изразуваат многу различни ставови за тоа како следниот станар на Белата куќа треба да се справи со оруженото насилство во САД. Гласачите наскоро ќе го кажат својот збор пред гласачките кутии. Известува Вероника Балдерас Иглесијас. 

Синот на Френк Циморели, Камден, набавил три пиштоли легално во Милвоки, Висконсин, пред да употреби еден од нив за да се застрела во декември 2022 година, по што умрел пет недели подоцна. Таткото на Камден стана поборник за потемелни проверки на позадината.

„Купот записи што ги има во болницата е дебел над шест инчи (15 сантиметри). Кога купил пиштол, никој не го погледнал, а во последната деценија би рекол дека се закануваше со самоубиство”, вели Циморели.

Самоубиствата со оружје во САД достигнаа рекордно високо ниво во 2023 година. Според податоците на Центрите за контрола и превенција на болести, 27.300 луѓе си го одзеле животот користејќи огнено оружје.

Надевајќи се за построги мерки за безбедност на оружјето, Циморели во ноември ќе гласа за демократите кои го направија ова прашање приоритет на кампањата.

Гласачот од Висконсин и тренер за огнено оружје, Еди Силас, ја разбира потребата од закони за оружје, но не е за наметнување построги закони.

„Криминалците, дури и терористите, не се грижат за злосторствата и спроведувањето на законите за оружје, па сè што треба да се направи е да ги ограничи нашите права како сопственици на оружје за да можеме да се заштитиме себеси и нашето семејство”, вели Силас.

Построгите закони за оружје може да спасат животи, вели Ник Матушевски во непартискиот „Напор за борба против насилството во Висконсин“.

„Силно би се залагале за закони за екстремен ризик. Постапка за отстранување на огнено оружје од поединци кои се сметаат за закани за нив или за другите”, посочува Матужевски.

Потпретседателката Камала Харис, која и самата е сопственик на оружје, ветува дека ќе ги донесе таканаречените „закони за црвено знаме“ доколку биде избрана за претседателка.

„Јас сум за вториот амандман и верувам дека треба да ја вратиме забраната за напад со оружје и да донесеме универзални проверки на позадината, закони за безбедно складирање и закони за црвено знаме“, истакна Харис.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се кандидира за реизбор, вети дека ќе ги олабави ограничувањата и го доведува во прашање ставот на Харис за оружјето.

„Таа секогаш велеше дека ќе ги конфискува сите оружја. Сега таа вели: „Не! Мислам дека оружјето е прекрасно“. Точно! Не функционира на тој начин. Тие ќе ви го одземат оружјето”, смета Трамп.

Спротивно на коментарот на Трамп, Харис рече дека бара разумни мерки за безбедност на оружјето и „не се обидува да им го одземе оружјето на сите“.

Ко-сопственикот на стрелиште во затворен простор, Марк Ребхолц, кој е независен гласач, позитивно гледа на универзалните проверки на позадината предложени од Харис. Но, тој не мисли дека забраната за напад на оружје, како што е Еј-Ар-15, би помогнала да се спречи оруженото насилство.

„Можете да добиете пиштоли со полнење на ракодржачот со 30, 33 или со 50 куршуми. Значи, што се однесува до капацитетот, има многу други опции покрај Еј-Ар”, објаснува Ребхолц.

Ребхолц, кој ќе гласа за Трамп во ноември, верува дека спроведувањето на законите за оружје што веќе се во сила е најдобриот начин да се спречат повеќе смртни случаи.

Меѓутоа, на национално ниво, околу шест од десет возрасни луѓе во САД велат дека е премногу лесно легално да се набави пиштол, според истражувањата спроведени минатата година од Истражувачкиот центар Пју и Галуп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG