Линкови за пристапност

Некогашниот гламур на Холивуд поставен на фото изложба во Вашингтон


Некогашниот гламур на Холивуд поставен на фото изложба во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Тој ги има најпознатите филмски лица од 1930-тите и раните 40-ти – Гарбо, Крафорд, Богарт и Гејбл. Сега делата на Џорџ Хурел, еден од најголемите холивудски фотографи, се изложени во Националната галерија за портрети во Вашингтон. Известува Кристина Каиседо Смит.

Тие беа познати личности во нивно време. А зад камерата овие ѕвезди ги сними Џорџ Хурел. Со своите портрети, фотографот се прослави во Холивод во 1930-тите и раните 40-ти – тоа беше неговата златна доба.

Делата на Хурел се изложени до 5 јануари во Националната галерија за портрети во Вашингтон.

„Од колекцијата од 70 фотографии, избравме 20 за кои навистина чувствувавме дека се врвни моменти од таа колекција. Прикажуваат низа актери кои беа навистина врвни холивудски ѕвезди во текот на ‘30-тите и ‘40-тите“, вели Ен Шумард, Виш куратор на Националната галерија за портрети.

Хурел е роден во Охајо во 1904 годиниа, студирал за да стане сликар. Но, до средината 1920-тите, тој се преселил во Калифорнија и нашол поголем пазар во фотографијата.

Воведот во студиото Метро-Голдвин-Мајер во раните ‘30-ти го промени неговиот живот. Во тоа време, „MGM“ издавале десетици филмови секоја година.

„Практично еден филм една недела се прикажува во кината. Тоа значи дека има голема потреба од фотографии за промовирање на филмовите. Хурел ја има таа улога и тоа со голема способност“, вели Шумард.

Меѓу големите имиња на екранот се Кларк Гејбл и Џоан Крафорд, кои глумеа заедно во филмот „Love on the Run“ од 1936 година; Марлин Дитрих која, како што рече Хурел, земала цело огледало на фотосесиите за да може да види како точно изгледа; и Џон Баримор, ѕвезда од високопрофилно семејство на американски актери.

„Сакаме да прикажуваме различни временски периоди во галеријата на портрети. Ние сме единствени по тоа што сме – и уметнички и историски музеј. Имаме уметнички куратори и историчари, и тоа навистина помага да се раскажува биографијата“, објаснува Марлин Харисон од Националната галерија за портрети.

Пристапот на Хурел го дефинираше гламурот за филмската индустрија. Тој стана познат по измислувањето на вертикален столб на кој се прикачува светло.

„Тоа му даде флексибилност и способност да ја движи светлината и да ги искористи сенките што таа може да ги создаде“, вели Шумард.

Ѕвездата на Хурел избледе со доаѓањето на помали камери. Во тоа време, тој изјави дека „гламурот исчезна“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG