Линкови за пристапност

Недостасува кадар за рехабилитација на повредените воени ветерани во Украина


Недостасува кадар за рехабилитација на повредените воени ветерани во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:06 0:00

Во Украина, ранетите ветерани на кои им е потребна долга рехабилитација најчесто се згрижени од роднини. Тие се соочуваат со мала помош од државата. Лесија Бакалец известува од Киев.

Тесен лифт, скали, две врати и Вита Форнољак со синот Дмитро се подготвени за прошетка. Вита вели дека овој начин е полесен сега откако се поставени рампи во куќата, откако една година ги побарале од локалните власти.

Дмитриј Форнољак се приклучил на Армијата на првиот ден по целосната инвазија на Русија. Тој го бранел регионот на Киев, но имал несреќа додека бил на должност во април 2022 година.

„Многу тешка повреда на главата. Поминавме четири месеци во регионалната болница“, објаснува Вита Форнољак, мајката на Дмитри.

Речиси три години болници и центри за рехабилитација биле реалност за семејството. Вита и нејзиниот сопруг работат во смени за да се грижат за нивниот син.

„Бев со него цело време. Гледав како специјалистите работат со него и правев видеа, прашував како да се однесувам со него подоцна“, додава Вита.

Повеќето ветерани негуватели се членови на семејството, честопати жени, според украинска група за права.

„Но, нема државни податоци за тоа колку ветерани старатели има. Ова е првиот проблем и нашето прво барање до владата е да започне со собирање на овие податоци“, објаснува Љубов Халан коосновачка на организацијата „Pryncyp“.

За Халан, тоа е лично - нејзиниот брат бил ранет во Бахмут и му била ампутирана ногата. Таа се грижела за него и знае со какви предизвици се соочуваат семејствата.

„Ако треба да бидете во нивна близина, имате проблеми со сместувањето, не можете да бидете во болница. Потоа, проблемите со вработувањето почнуваат ако треба да обезбедите долготрајна нега“, додава Халан.

Надомест за негувателките има, но тој е мал, признаваат од Одделот за ветерани.

„Ако зборуваме реално, ова се само солзи и на никој начин не ги компензира сите тие изгубени можности на семејството на ветеранот“, вели Руслан Прикходско, Заменик на министерот за ветерани во Украина.

Исто така, на негувателите им е потребна основна обука за тоа како да му помогнат на лице со попреченост, како и психолошка поддршка.

„Го знам ова затоа што и самата земав антидепресиви. Лекарите на Дмитро едноставно ја видоа мојата состојба и ме советуваа да се консултирам со специјалист“, додава Вита.

Дополнително комплицирање на проблемот е тоа што бројот на ветерани се зголемува додека државните ресурси се намалуваат.

„Целата социјална сфера зависи од средствата на странските партнери. А има и недостиг од луѓе“, вели Халан.

Но, заменик-министерот ветува промени наскоро.

„Работиме на програма од специјалисти кои ќе ги придружуваат ветераните во локалните заедници. Прелиминарниот план да започне со работа е први декември“, додава Приходко.

Форнољак е оставена на себеси. Најголемиот сон ѝ е нејзиниот син повторно да почне да оди сам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG