Линкови за пристапност

Научници во Кенија истражуваат инсекти што јадат и разградуваат пластика


Научници во Кенија истражуваат инсекти што јадат и разградуваат пластика
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:21 0:00

Научниците од Кенија велат дека проучуваат црв со потекло од Африка што може да консумира и биоразградува пластика. Експертите велат дека црвот произведува ензими кои можат да помогнат во разградувањето на пластичниот отпад. Џума Мајанга известува од Најроби, Кенија.

Евалин Вамбуи и другите научници вршат испитувања во оваа лабораторија во Меѓународниот центар за физиологија и екологија на инсекти во Најроби. Таа вели дека проучуваат еден вид црв кој може да јаде и разградува пластика.

„Овој инсект ќе биде од помош затоа што како што откривме, прво, може да ја консумира пластиката, особено стиропорот и второ, има група бактерии кои помагаат во процесот на деградација на пластиката", вели Вамбуи.

Вамбуи и нејзиниот колега научник Крисантус Мби Танга се меѓу четворицата експерти на Центарот кои се ко-автори на извештај објавен во списанието Природа.

„Предноста со овој инсект е тоа што е роден во Кенија и во Африка воопшто, во споредба со другите црви кои се опишани во други делови на светот како жолтиот црв. Ова нè тера да имаме домашно решение и инсект кој се прилагодил на нашата климатска средина и можел да преживее и да напредува во околината”, вели Мби Танга.

Програмата за животна средина на Обединетите нации вели дека загадувањето со пластика е еден од најголемите еколошки предизвици со кои се соочува светот. Годишно се произведуваат повеќе од 400 милиони тони пластика, но помалку од 10 проценти се рециклира.

Научниците од Меѓународниот центар за физиологија и екологија на инсекти проучуваат начини да ги соберат бактериите што живеат во цревата на црвите и да откријат дали тие можат да се користат за справување со пластичниот отпад.

„Тие бактерии можат да се искористат од инсектите, а потоа правиме зголемување и произведуваме милиони од овие бактерии кои можат да се користат за разградување на отпадот од полистирен”, додава Вамбуи.

Но, некои еколошки активисти не се убедени дека наодите ќе го решат проблемот со пластичниот отпад.

„Најдовме само инсекти кои деградираат одреден вид пластика: полистирен, полиетилен терефталат...а имаме многу форми на пластика. Значи, што е со другите? И, исто така, штом овие инсекти ќе ја изедат оваа пластика, кој е нуспроизводот?”, посочува Геранс Мутвол од Гринпис Африка.

„Не велиме дека ова е решението, но она што го велиме е дека тоа би можело да биде интегриран пристап во управувањето со пластиката. Ако може да ја намали деградацијата на пластиката за 30 до 50%, тоа ќе биде огромно влијание во однос на управувањето со отпадот на континентот”, одговара научникот Мби Танга.

Мутвол вели дека најдобар начин да се реши проблемот со пластиката е да се произведува помалку од неа.

„Имаме многу проблематична и непотребна пластика како кесичките, пластичните шишиња, сламки, кои навистина не ни требаат... Треба да го намалиме нивното производство“, посочува Мутвол.

Мутвол вели дека Кенија е една од 34-те земји кои ги забранија пластичните кеси за еднократна употреба во Африка, додека континентот продолжува да се справува со проблемот со загадувањето со пластика.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG