Линкови за пристапност

НАТО ги засилува патролите во Балтичко Море


НАТО ги засилува патролите во Балтичко Море
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

НАТО тимови засилено патролираат низ Балтичкото Море за обезбедување на подводната инфраструктура, после серијата сомнителни инциденти. Многу критични кабли и цевководи поминуваат на морското дно. Владислав Андрејевс има повеќе.

Во Балтичкото Море во последниве години имаше голем број инциденти кои вклучуваа оштетување на енергетските и комуникациските линии на морското дно. Има сомнеж за бродовите поврзани со Кина и Русија.

„Во изминатите 15 месеци оштетени се 11 кабли, што доведе до прекини. Очигледно треба да го земеме тоа предвид. Го зголемивме нашето присуство таму, како и присуството на нашите НАТО партнери“, изјави Андрис Спрудс, министерот за одбрана на Летонија.

Нема дефинитивен доказ дека штетата е намерна, но некои воени претставници на Балтикот се загрижени затоа што многу инциденти укажуваат на саботажа.

„Во последните три месеци имаме сидра кои паѓаат премногу често при несреќа. Се разбира, такви работи се случуваат, но мала е веројатноста да се случува толку често на една мала површина“, посочува Марис Поленкс, летонски воен командант.

На копно, научниците размислуваат како подобро да ја заштитат стратешката подводна инфраструктура.

Вработените во Центарот на НАТО за поморско истражување и експерименти во Италија, велат дека стануваат подобри во следењето на превозот во регионот.

„Алгоритмите што центарот ги разви, честопати користејќи вештачка интелигенција, се користеа за следење на сообраќајот на бродовите, особено комерцијалните. Значи, цивилен сообраќај на различни локации. Работи многу добро“, вели Ерик Пуликен, директор на Центарот на НАТО за поморско истражување и експерименти.

Дури и ако неодамнешните настани се случајни, НАТО не е подготвена за саботажа во Балтичкото Море, според поранешниот латвиски министер за одбрана Артис Пабрикс.

„Мораме да предвидиме и утврдиме кои бродови би можеле да ни се закануваат - тоа е работа за разузнавачките служби“, посочува Пабрикс.

На крајот на јануари, НАТО вети дека ќе распореди авиони и поморски дронови за да помогне во заштитата на критичната инфраструктура во областа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG