Линкови за пристапност

Трамп очекува посета од кинескиот претседател Шји без да даде временска рамка


Американскиот претседател Доналд Трамп разговара со кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на церемонија за добредојде во Пекинг на 9 ноември 2017 година
Американскиот претседател Доналд Трамп разговара со кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на церемонија за добредојде во Пекинг на 9 ноември 2017 година

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека очекува кинескиот претседател Шји Џјинпинг да ги посети САД, без да даде временска рамка за неговото патување.

Трамп рече дека е „можно“ САД и Кина да постигнат нов трговски договор.

Разговорот или интеракцијата помеѓу Шји и Трамп се смета за клучна за потенцијалното олеснување или одложување на трговските царини.

„Ќе го имаме, на крајот, претседателот Шји, ќе ги имаме сите да дојдат (во САД)“, рече Трамп, истовремено зборувајќи и за други лидери кои потенцијално ќе ги посетат САД.

Шји последен пат бил во САД во ноември 2023 година, во неговата петта посета на земјата како кинески претседател, на самит со тогашниот американски претседател Џо Бајден, што резултираше со договори за обновување на комуникацијата меѓу војската и за ограничување на производството на фентанил.

Трамп и Шји разговараа непосредно пред Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари и разговараа за прашања, вклучително и за ТикТок, трговијата и Тајван.

Трамп вчера им рече на новинарите дека разговарал со Кина за ТикТок, како што САД се обидуваат да посредуваат во продажбата на популарната апликација во сопственост на кинеската матична компанија ByteDance.

Трамп минатата недела рече дека разговарал со Шји откако ја презеде функцијата, но не понуди детали за темите на тој разговор.

Кинеското министерство за надворешни работи не ги коментираше директно забелешките на Трамп тој ден и наместо тоа ги упати новинарите на нивниот „закажан“ разговор пред Трамп да ја преземе функцијата.

Вашингтон и Пекинг со години имаат напнати односи поради разликите кои се движат од трговија, царини, и сајбербезбедност, ТикТок, Тајван, ХонгкКонг, човековите права и потеклото на ковид-19.

XS
SM
MD
LG