Линкови за пристапност

Намалувањето на администрацијата не е новитет во плановите на американските претседатели


Намалувањето на администрацијата не е новитет во плановите на американските претседатели
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:53 0:00

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп сака да ги намали владините трошоци. Советодавна комисија наречена Оддел за владина ефикасност ќе ја води оваа иницијатива, а еден од раководителите ќе биде милијардерот Илон Маск. Известува Дора Меквар.

Милијардерот и бизнисмен Илон Маск сака да намали 2 трилиони долари од федералните трошоци. Тој ќе биде ко-шеф на Одделот за владина ефикасност, советодавнo тело на претседателот Доналд Трамп.

Но, ова не е првпат американска администрација да вети дека ќе ги намали државните трошоци.

„Претседателите зборуваат, на еден или на друг начин, за намалување или редуцирање на улогата на владата уште од основањето на државата“, вели Џастин Вон од универзитетот Костал Каролина.

Сè започна со третиот претседател на Америка, Томас Џеферсон, во раните 1800-ти години. Џеферсон елиминираше некои воени и владини работни места, привремено намалувајќи ги трошоците.

Во 1930-те години, Франклин Делано Рузвелт го прошири федералниот работен кадар за да се справи со Големата депресија. Со Новиот договор на Рузвелт вработени биле милиони, обезбедувајќи помош за сиромашните со стимулирање економијата. Работните места биле затворени со завршувањето на кризата.

Во 1980-те години, Роналд Реган ја формираше Грејс комисијата, барајќи од групата од околу 150 бизнисмени да најдат начини за елиминирање на неефикасноста.

„Претседателот Реган побара од Грејс комисијата да ја разгледа владата со цел да ја направи да функционира повеќе како бизнис“, вели Том Шац од асоцијацијата Граѓаните против расипничко трошење на владата.

Но, веб-страницата на претседателската библиотека на Роналд Реган вели: „Повеќето од препораките, особено оние кои бараа законодавство од Конгресот, никогаш не беа спроведени“.

Сепак, некои историчари велат дека Реган успеал да го пренасочи националниот разговор во корист на помала улога на федералната влада во решавањето на јавните проблеми.

„Тоа беше фундаментална промена од претходниот век на проширувањето на улогата на владата во општеството”, вели Вон.

Во 1990-те години, Бил Клинтон работеше на намалување на околу 300.000 федерални работни места, најчесто преку пензионирања и минимизирања на услуги.

„Сигурно една од поважните администрации во однос на намалување на улогата на владата во современата ера”, додава Вон.

За време на неговиот прв мандат, Доналд Трамп нареди замрзнување на федералните вработувања и други намалувања. Сега тој сака неговиот Оддел за владина ефикасност да ја заврши работата. Некои ја доведуваат во прашање мудроста да се преземе ваков бизнис-пристап за водење на владата.

„Кога сте влада, вие сте одговорни пред луѓето и вашата цел не е да заработувате пари. Вашата цел е да давате услуги и да ја браните нацијата. Во приватниот сектор има многу измами и расфрлање, така што не сум сигурен дека бизнисмените се најдобрите луѓе за да дознаат и да откријат измами и расипништво”, посочува Џејмс Гросман од Американската историска асоцијација.

Трамп и Маск користат еден алатка за да ја пренесат својата порака која не била достапна при претходните напори за намалување на владата.

„Постои побрз и посеопфатен одговор благодарение на социјалните медиуми. Членовите на Конгресот често имаат тенденција да одговараат повеќе на социјалните мрежи отколку на старомодните писма што ги добиваа“, додава Шац.

Во многу случаи, Конгресот мора да даде согласност пред да се направат било какви кратења.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG