Линкови за пристапност

Мицкоски: Пожарите не се случајни, а опожарените дрва нема да завршат во стоваришта


Мицкоски: Пожарите не се случајни, а опожарените дрва нема да завршат во стоваришта
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:15 0:00

Кој пали, а кој сече? Додека државата е во пламен, премиерот Христијан Мицковски вети дека опожарените шуми нема да бидат сомелени за пелети и граѓа, а парите да завршат во нечии џебови. Уреди и закони засега нема на повидок со кои ќе се запре профитот на шумската мафија од опожарените подрачја.

Бројот на шумски пожари и локациите кои само за неупатени се географски случајни покажуваат дека масовно и намерно се уништува природата. Во моментов гори во два од четирите национални паркови и во една од двете заштитени подрачја и тука случајноста е исклучена.

Со оглед на фактот дека Македонски шуми немаат капацитет да го расчисти опожарениот терен во некои случаи тоа го прават приватни компании а наместо надомест ги подигаат исечените дрва кои потоа се продаваат како дрва за огрев по пониска цена поради намалената калоричност или пак се преработуваат во пелети за греење.

Директорт на ЦУК, Стојанче Ангелов, вчера побара законски измени и построги затворски казни за пироманите кои подметнуваат пожари.

Полицијата досега откри дванаесет лица против кои се поднесени кривични пријави за предизвикување на општа опасност или предизвикување шумски пожар. Пред десетина дена МВР ги подигна дроновите за да може полесно да ги улови подметнувачите на шумските

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG