Бројот на шумски пожари и локациите кои само за неупатени се географски случајни покажуваат дека масовно и намерно се уништува природата. Во моментов гори во два од четирите национални паркови и во една од двете заштитени подрачја и тука случајноста е исклучена.
Со оглед на фактот дека Македонски шуми немаат капацитет да го расчисти опожарениот терен во некои случаи тоа го прават приватни компании а наместо надомест ги подигаат исечените дрва кои потоа се продаваат како дрва за огрев по пониска цена поради намалената калоричност или пак се преработуваат во пелети за греење.
Директорт на ЦУК, Стојанче Ангелов, вчера побара законски измени и построги затворски казни за пироманите кои подметнуваат пожари.
Полицијата досега откри дванаесет лица против кои се поднесени кривични пријави за предизвикување на општа опасност или предизвикување шумски пожар. Пред десетина дена МВР ги подигна дроновите за да може полесно да ги улови подметнувачите на шумските
Facebook Forum