Мнозинството граѓани, или 61,5 проценти би гласале против на референдум каде е поставено прашањето „Дали се согласувате со промена на името во Република Илинденска Македонија“ се наведува во најновата анкета спроведена од Агенцијата за истражување М-Проспект и Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка.
Против би гласале 70.5 проценти од етничките Македонци, додека етничките Албанци во 52,8 проценти од случаите одговориле дека Република Илинденска Македонија е прифатливо решение.
Според партиска определеност, големо мнозинство од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ (92,7 проценти) не би го подржале предлогот. За симпатизерите на СДСМ овој предлог е прифатлив во 56,4 проценти од случаите, додека кај симпатизерите на ДУИ поддршката е 62,5 проценти.
Споредно со истражувањето на јавното мислење од април, 2018-та година, за граѓаните додавката Илинденска е помалку прифатлива од додавката Горна, 41,5 проценти би прифатиле промена во Горна, споредено со 27,2 проценти кои би прифатиле Илинденска.
На прашањето дали би се согласиле со „промена на името во Република Илинденска Македонија кога земјата ќе стане членка на ЕУ,“ нешто повеќе од една третина од испитаниците, или 38,9 проценти би го поддржале предлогот.
Споредено со анкетата од април 2018-та година, многу е поприфатлива опцијата Република Горна Македонија, кога земјата би влегла во ЕУ (47,6 проценти од испитаниците би го прифатиле предлогот).
Речиси две третини од етничките Македонци (63,8 проценти) би гласале со „не“ , додека етничките Албанци во речиси три четвртини (72,1 проценти) од случаите би прифатиле Република Илинденска Македонија откако земјата ќе стане членка на ЕУ.
Големо мнозинство од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не би го подржале предлогот (89,5 проценти). За симпатизерите на СДСМ овој предлог е прифатлив во 71,8 проценти од случаите, додека за симпатизерите на ДУИ во 88,8 проценти.
Facebook Forum