Линкови за пристапност

Нимиц: Се` уште нема конечно решение за името


Во прашање се национални интереси, но, двете страни се одлучни да постигнат договор, рече медијаторот

Нема конечно решение за спорот за името, но, двете страни се одлучни да го направат потребното за да се постигне договор, изјави медијаторот Метју Нимиц, по завршување на средбата со министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас во Њујорк.

„Двете страни работат напорно. Двајцата министри одат во Брисел, каде што ќе продолжат разговорите. Преговорите се значително интензивирани. И двете страни имаат сопствени позиции, и во прашање се национални интереси. Сепак ја сфаќаат важноста од постигнување договор, и се одлучни да го направат тоа“, изјави Нимиц, кој додаде дека министрите редовно разговараат, и оти ќе најдат начин работите да се придвижат.

Министерството за надворешни работи се` уште нема официјално соопштение за резултатот од преговорите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG