Линкови за пристапност

Политичките прашања - тема на разговорот меѓу Димитров и Коѕијас


Министрите ќе дискутираат и за правните проблеми, во контекст на дипломатскиот договор, пренесува Атинско-македонската агенција, со седиште во Вашингтон

Продолжуваат преговорите за името во Обединетите нации, меѓу македонскиот и грчкиот министер за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, заедно со медијаторот Метју Нимиц.

Пред почетокот на денешната средба, Коѕијас изјавил дека преговорите ќе бидат поделени во два дела, пренесува Атинско-македонската агенција, со седиште во Вашингтон.

„Првиот и главен дел од разговорите опфаќа чисто политички прашања, вклучително дискусии меѓу министрите, под посредство на Нимиц. Вториот дел се однесува на содржината на договорот генерално, како и за индивидуалните прави проблеми, кои произлегуваат во контекст на дипломатскиот договор“, изјавил Коѕијас.

Агенцијата соопшти дека овие технички детали ќе бидат разговарани праралелно во преговорите, и ќе се одвиваат повеќе на технократско ниво.

Македонското министерство за надворешни работи МНР најави дека ќе има изјава по завршување на преговорите.

Во меѓувреме, грчкиот медиум „Хелас Журнал“ пренесува дека наводно Димтров го одбил предлогот Северна Македонија, додека Коѕијас одбил Нова Македонија.

На маса, информира „Хелас Журнал“ останува предлогот Северна Македонија.

Преговорите продожуваат до три часот локално време.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG