Линкови за пристапност

Проширување на НАТО, одговор на руско влијание, Македонија на мета


Очекувања од Самитот на НАТО во Брисел
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00

Очекувања од Самитот на НАТО во Брисел

Очекувања од Самитот во Брисел

Во Атлантскиот совет во Вашингтон, амбасадори во НАТО од неколку влијателни членки дискутираа за предизвиците спроти јулскиот самит во Брисел и сигналите кон аспирантите, меѓу кои и` е Македонија.

Западниот Балкан е во фокусот на евроатланската траекторија, и силен НАТО е потребен од било кога порано, нагласија амбасадорките на САД, Велика Британија и Канада во НАТО. За очекувањата од престојаниот самит во јули во Брисел, американската амбасадорка во НАТО Кеј Хатчинсон оцени:

„Се` уште важи политика на отворени врати и вратата е ширум отворена. Една од работите кои го зајакнаа нашето сојузништво е дека и натаму ја држиме вратата отворена со стандардите што мора да се исполнат“, изјави амбасадорката на САД.

Александар Вершбоу, заменик генерален секретар на НАТО и аналитичар во Атлантскиот совет, за руското противење на ширењето на НАТО и приемот на нови членки, коментира:

„Русите се веројатно поупорни, бескрупулозни во методите. Долг период се обидуваат да ги обесхрабрат земјите Западен Балкан да станат членки во НАТО. Македонија сега е главна мета, поради можноста за решение за прашањето за името со Грција.

Тој ја нагласи неопходната од зголемена улогата на САД во регионот како одговор на растечкото влијание од Москва.

НАТО треба да продолжи со фокусот на Западен Балкан. Има големо руско влијание во регионот, но и многу внатрешни проблеми во самите земји.

Затоа, коментираат аналитичарите, од Самитот во Брисел, треба да биде испратен силен сигнал на сојузништво, политичко и воено.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG