Линкови за пристапност

Референдум или предвремени избори?


Најавите дека спорот со името е решен се погласни и појасни. Еден од условите ќе биде и рефрендум на кој граѓаните ќе го кажат својот став околку решението доколку предходно не се распишат избори. Предвремени парламентарни избори само би ја искомплицирале и онака деликатната ситуација

Претседателот на Собранието Талат Џафери, не ја исклучува можноста Собранието да се самораспушти, но смета дека тоа би било крајно неодговорен потег во овој момент поради ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Тој потврди дека доколку 61 пратеник гласа за самораспуштање, нема друга опција освен да распише избори.

„Јас имам обврска, во рок од 60 дена, од самораспуштањето да распишам нови избори. Сметам дека е неодговорно да се размислува за тоа во ваков момент во кој сега се наоѓа Македонија имајќи ги предвид сериозните прашања за кои се решава во земјата. Ако и има такви размислувања мислам дека се врзани со теснопартиски интереси, со цел собирање политички поени. Ако се размислува државнички и за иднината на граѓаните тогаш не треба никој да размислува за избори“, е ставот на спикерот Џафери.

Од друга страна пак, спорот со името е пред разврска, пишуваат грчките медиуми. Ова го соопшти и опозициската „Неа Демократиа“. Како решение се погласно се споменува „Северна Македонија“, објави телевизија „Телма“ повикувајќи се на дипломатски извори.

Грчките весници објавија дека планот за спроведување на договорт предвидува 11 точки и ќе се одвива етапно.

„Незамисливо е Грција однапред да го предаде преговарачкото оружје што го поседува и да очекува во иднина усогласување на рати од страна на нашата соседна земја“, изјави портпаролката на „Неа Демократиа“, Марија Спираки.

Најавените 11 чекори предвидуваат по официјализирање на договорот, документот да се достави до македонското Собрание на гласање, но не со двотретинско мнозинство. Откако договорот ќе биде усвоен во Парламентот, Грција би го известила НАТО дека одобрува влез на Македонија во Алијансата, но под услов да има уставни промени.

„Следниот чекор би бил на 28 и 29 јуни, на Самитот на ЕУ, Македонија да добие датум за старт на преговори со Унијата, по што на 11 и 12 јули би добила официјална покана за влез во НАТО на Самитот на Алијансата во Брисел“, објави Телма.

По ова, останува во септември во Македонија да се одржи референдум за новото име и доколку биде успешен, Собранието со двотретинско мнозинство ќе одобри промена на Уставот.

Последен чекор би била ратификацијата на договорот во грчкиот Парламент.

Клучен ќе биде телефонскиот разговор меѓу премиерите Заев и Ципрас што најверојатно ќе се случи утре, а на кој се очечкува да да биде потврдено она што го договориле двајцата министри Димитров и Коѕијас.

Неофицијалните информации се дека договорот ќе биде потпишан на најавената средба меѓу Заев и Ципрас во Преспа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG