Линкови за пристапност

Лидерите на пацифичките земји лобираат за седум милијарди помош од САД


Лидерите на пацифичките земји лобираат за седум милијарди помош од САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:10 0:00

Лидерите од Микронезија, Маршалските Острови и Палау лобираат во Конгресот да го врати финансирањето на виталниот договор познат како Договор за слободно здружување, вреден 7 милијарди долари кој гарантира ексклузивен пристап на САД до овие три клучни сојузници на Пацификот. Известува Џесика Стоун.

Во рутински разговор на Капитол Хил - членовите на конгресот дебатираат за нови начини за одржување на присуство на САД во Пацификот, ангажирање со Тајван и спротивставување на Кина. Сепак еден клучен пристап за да се направи тоа - е закочен во Конгресот.

Станува збор за слободно здружување или КОФА, 20-годишен договор за економска помош од седум милијарди долари за три пацифички сојузници: Микронезија, Маршалските Острови и Палау. Во замена, САД имаат стратешко присуство во широкиот дел на Пацификот и право да ја одвратат војската на Пекинг.

Но, и покрај двопартиската поддршка, средствата на КОФА беа исфрлени од законодавството на Сенатот поради барањата на конзервативците да ги намалат трошоците.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, конзервативниот републиканец Мајкл Мекол вели дека е посветен на враќање на КОФА.

„Тоа е навистина важна компонента за Пацификот и спротивставувањето на Кина што беше изоставено, а не знам зошто?“, вели Мекол.

Во писмото од 21-ви февруари, 48 членови на Конгресот - вклучително 28 републиканци и 20 демократи, го повикаа претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон да ги вклучи средствата во следната прилика, велејќи дека ако не се стори тоа, тоа би било - цитирам „најуништувачкиот подарок на САД кој може да и го даде на Кина во Пацификот“.

Претседателот на Палау, вели дека Пекинг има корист од секој момент на доцнење.

„Кинезите се многу стратешки и ќе видат дека имаме потешкотии. И, тогаш си велат, ова е она што можеме да го направиме“, вели Суранџел Випс, Џуниор, претседател на Палау.

Она што Пекинг вети дека ќе го направи, вели Випс, е да го преплави островот со богати кинески туристи...и да изгради кол-центар со вработување на локалното население.

Тоа е тактика која Арнолд Паласиос добро ја знае. Тој е гувернер на Комонвелтот на северните Маријански Острови - територија на САД.
Паласиос вели дека на Пацифичките острови им е потребна финансиска помош од САД за да се спротивстават на економскиот притисок од Кина.

„Значи, како нација, треба да се засилиме и навистина да испорачаме бидејќи тоа е критично. Тоа е многу критично“, додава Паласиос.

Критично е за пацифичките сојузници, вели Паласиос, но и за националната безбедност на САД.

„Маршалските Острови имаат дострели на ракети, големи инсталации кои ние како нација ги инвестиравме со децении во тие објекти. Можете ли да замислите доколку Маршалските Острови кажат, доста е, сега ќе си заминеме“, укажува Паласиос.

Жителите на Пацификот остануваат со надеж дека Конгресот на крајот ќе ги финансира Договорите за слободно здружување, можеби веќе во март.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG