Линкови за пристапност

Косовските скулптури го трансформираат покривот на њујоршкиот Метрополитен музеј на уметност


Џиновски метални скулптури направени од уметникот роден во Косово, Петрит Халилај, го красат покривот на музејот Метрополитен во Њујорк во ода на детството погодено од војна. Гарентина Краја ја има сторијата.

Бројни метални скулптури од куќи, срца и џиновски пајак го претворија покривот на музејот Метрополитен во Њујорк во градина за скулптури.

Овие 3Д уметнички дела се дел од изложбата наречена „Абетаре“ — или „Еј-Би-Си “ — на уметникот роден во Косово, Петрит Халилај, кој вели дека прикажуваат како е да растеш во позадина на војна што се наѕира.

„Една од работите што бев многу возбуден да ги видам овде, е да донесам чкртаници и детски цртежи од различни земји кои всушност и да останат овде, си требаат еден на друг, дури и статички и скулптурно да бидат тука”, вели уметникот Петрит Халилај.

Скулптурите се инспирирани од детските чкртаници пронајдени на ученичките клупи од неговото основно училиште во Руник, едно од ретките училишта што ја преживеаја војната во Косово од доцните 1990-ти години.

Како дете, и Халилај ја преживеал српската репресија врз косовските Албанци.

„Овие клупи беа од 70-тите, години кога јас се уште не бев роден. Го видоа падот на Југославија, сите конфликти во 90-тите, целата сегрегација, целата војна. Тие сè уште преживеаја по војната и тие траги и тие слоеви на генерации и генерации деца, сите коегзистираат во многу убава мешавина едни со други”, рече Халилај.

За изложбата на музејот Метрополитен во Њујорк, Халилај вклучи уметност инспирирана од чкртаници на училишните клупи од Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Тој рече дека ги собрал за да замисли поинаква иднина од онаа низ која живеела неговата генерација.

Халилај, поранешен воен бегалец, вели дека својата работа ја посветува на децата кои минуваат низ тешки времиња.

Макс Холејн, директор на музејот Метрополитен во Њујорк, вели дека инсталацијата на Халилај е голема пресвртница за ангажманот на музејот со современата уметност.

„Она што Петрит го направи овде е да го трансформира покривот на музејот за да го направи место за сеќавање, славење, преиспитување на историјата на разигран, возбудлив начин. Ова е најомиленото место на њујорчани. Тоа е нашиот најпопуларен простор во музејот и ние сме среќни што Петрит го трансформира во она што е сега”, изјави Макс Холејн, директор на музејот Метрполитен во Њујорк.

Изложбата на покривот на музејот Метрополитен во Њујорк ќе биде отворена за јавноста до 27-ми октомври.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG