Незамисливо страдање во последните 14 месеци додека Израел ја продолжува својата воена кампања во Газа, како одмазда за нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.
Десетици се` уште се држат како заложници на групата, означена од САД како терористичка, вклучително и некои Американци.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави дека ако заложниците не бидат ослободени пред да ја преземе функцијата на 20 јануари ќе се случи хаос.
„Тие ќе треба да утврдат што значи тоа, но значи дека нема да биде пријатно“, рече Трамп.
Трамп ја презеде заслугата за прекинот на огнот минатиот месец меѓу Израел и Хезболах во Либан, посредуван од САД и Франција. Не е јасно што планира да направи во Газа.
„Претседателот Трамп всушност може да има некои ресурси што САД можат да ги распоредат низ појасот Газа за да извршат воен притисок врз Хамас. Не можам да видам како тоа ќе биде значително поостро од она што Израелците го донесоа во последните 14 месеци. Сепак, може да има уште еден елемент – кој се надевам дека тоа не е пристапот – можеби да се притисне дел од таа хуманитарна помош“, смета Ахмед Фуад Алкхатиб од Атлантскиот совет.
Во меѓувреме, сегашната администрација врши притисок за поголема помош во Газа и работи до последен момент додека претседателот Џо Бајден е на функцијата за да постигне договор за прекин на огнот, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.
„Газа треба да се трансформира во нешто различно што гарантира дека Хамас на кој било начин не е надлежен, дека Израел не мора да биде, и дека има нешто кохерентно што следи, што овозможува управување, безбедност, реконструкција на Газа“, истакна државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
Таа цел сè уште е недостижна и покрај обновениот дипломатски притисок на Вашингтон со Турција, Египет и Катар. Аналитичарите велат дека прекинот на огнот останува неизвесен пред или по инаугурацијата на Трамп во јануари.
Но, преодниот период противниците го гледаат како момент на можност, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан.
„И така, императив и на администрацијата на Бајден во заминување и на администрацијата на Трамп што доаѓа, треба да биде да настапиме построго отколку што е обично, да поминуваме повеќе време заедно отколку обично, и да се обидеме да осигураме дека испраќаме заеднички јасна порака и до пријателите и до противниците на Блискиот Исток“, посочува Саливан.
Заедничката порака на двајцата лидери е дека САД сакаат конфликтот да заврши. Засега завојуваните страни не слушаат.
Facebook Forum