Линкови за пристапност

Кој би можел да го замени Бајден?


Кој би можел да го замени Бајден?
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:15 0:00

Џо Бајден ги отфрли повиците на некои демократи од неговата политичка партија да се повлече од кандидатурата за претседател на САД по неуспешната дебата со Доналд Трамп минатиот месец. Ако Бајден не е кандидат на Демократската партија, кој би бил? Скот Стернс има повеќе.

Претседателот Џо Бајден вели дека во оваа трка гледа победа.

По неговата дебата кон крајот на минатиот месец, некои демократи од неговата партија го повикуваат Бајден да се повлече како претпоставен демократски кандидат.

Но, и покрај се’, Демократската партија не може да го принуди да се повлече, вели директорот на Центарот за политика на Универзитетот во Вирџинија, Лери Сабато.

Доколку Бајден се повлече, потпретседателката и кандидатка Камала Харис ќе биде на врвот на листата на демократи кои можат да го заменат.

Харис вели дека Бајден е кандидатот на партијата и дека ја покажала својата лојалност со тоа што го нападнала Трамп, кој се раздели од неговиот поранешен потпретседател Мајк Пенс.

Харис како претседателски кандидат на партијата може да помогне кај независните гласачи, вели професорот по политички науки на Универзитетот во Јужна Калифорнија, Кристијан Гроуз.

На целосно неофицијалната листа на луѓе кои би можеле да го заменат Бајден е и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.

Тој исто така вели дека го поддржува Бајден и ја покажа својата поддршка во кампањата за реизбор на претседателот во Мичиген минатата недела.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Витмер е меѓу оние за кои се дискутираше како можна замена на Бајден. Таа, исто така, вели дека сè уште го поддржува претседателот.

Витмер победи на реизборот во важна држава и е популарна кај националните демократи поради поддршката на работничките синдикати и напорите за борба против оруженото насилство.

((Gretchen Whitmer, Michigan Governor))

„Недела по недела во Америка гледаме мрачни, познати наслови. Секое место на кое можете да замислите, секоја ситуација што можете да ја замислите, е уништена од оружено насилство“.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, е помалку познат на национално ниво од Њусом или Витмер, но тој е популарен гувернер во јужен регион во кој доминира републиканската политика.

Гувернерот на Илиноис, Прицкер, е домаќин на овогодинешната демократска конвенција и поседува лично богатство за самостојно финансирање на голем дел од она што би било претседателска трка во последен момент.

Потоа, тука е поранешната прва дама Мишел Обама, која постојано отфрла секаква идеја да се кандидира за функцијата, но која останува популарна кај многу гласачи. Во анкетата на Ројтерс-Ипсос Бајден и Трамп се изедначени, но Мишел Обама води пред Трамп за повеќе од десет процентни поени. Од Универзитетот во Вирџинија велат дека таа нема шанси да се кандидира.

Доколку Бајден остане во трката, тие шпекулации за други имиња може да продолжат и на конвенцијата на Демократската партија следниот месец во Чикаго.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG