Линкови за пристапност

Кина и Израел се водечки земји според бројот на приведени и затворени новинари


Кина и Израел се водечки земји според бројот на приведени и затворени новинари
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:18 0:00

Кина, Израел и Мјанмар се меѓу водечките земји кои приведуваат новинари, според новиот извештај на Комитетот за заштита на новинарите. На глобално ниво, најмалку 361 новинар се приведени поради нивната работа. Известува Кристина Каиседо Смит.

Новинарите на глобално ниво се изложени на зголемен ризик од апсење, а Кина, Израел и Мјанмар се прогласени за најголеми земји кои притворуваат лица од медиумите, според најновите податоци на Комитетот за заштита на новинарите.

На глобално ниво, 361 новинар беа приведени поради својата работа, заклучно со први декември 2024-та. Но, Комитетот вели дека податоците се само детаљ од бројките на уапсени во последните 12 месеци.

„Поголем број од нив на некој начин поминале низ казнениот правен систем во текот на годината. И тоа е намерно. Таа зголемена криминализација што ја гледаме врз новинарите е намерна тактика на владите да ги замолчат новинарите“, вели Џоди Гинсберг од Комитетот за заштита на новинарите.

Неколку земји, вклучувајќи ги Белорусија, Русија, Виетнам, Иран и Еритреја имаат голем број на затворени новинари.

Во Израел, бројот на задржани во притвор е повеќе од двојно зголемен. Комитетот за заштита на новинарите вели дека тоа е модел на цензура.

„Тоа вклучува убиство на новинари, притворање на новинари, замолчување, таргетирање на медиумски објекти, повлекување на владиното финансирање од израелските весници, како Хаарец“, вели Гинсберг.

Израел не одговори на барањето за коментар. Но, претходно негираше дека новинарите се мета.

Кина и понатаму е најлошиот лидер за замолчување на новинари, со повеќе од 50-тина, зад решетки. Меѓу нив е ѝ про-демократскиот издавач Џими Лаи, кој е во притвор, и му се суди во Хонг Конг.

Лаи се соочува со обвиненија за национална безбедност во случај кој нашироко се смета за политички мотивиран. Неговиот меѓународен правен тим вели дека случајот покажува како се злоупотребуваат законите против новинарите.

„Тоа што рутински сега го гледаме е дека властите, наместо да користат традиционални правни механизми како што е криминалната клевета, на пример, или дури и законите за борба против тероризмот, тие исто така се обидуваат да користат други закони кои го дискредитираат новинарот“, посочува Кафин Галагер, адвокатка за заштита на човековите права.

Кина го бранеше своето досие за слобода на печатот во имаил до Гласот на Америка. И, Хонг Конг постојано негира дека случајот на Лаи е политички мотивиран.

Во Русија, американските новинари Алсу Курмашева и Еван Гершкович беа ослободени од затвор. Но, земјата сè уште е рангирана како петти најлош згаснувач на слободата на говорот, со 30 новинари зад решетки.

Во бројките што се затворени на глобално ниво се вклучени новинари и соработници од Гласот на Америка и неговите сестрински медиуми.

Тие се притворени во Мјанмар, Белорусија, Русија, Виетнам и Азербејџан, од кои сите овие земји се рангирани меѓу првите 10 најлоши земји за сузбивање на слободата на новинарите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG