Линкови за пристапност

Како е да се биде претседател што не се кандидира за реизбор


Како е да се биде претседател што не се кандидира за реизбор
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:22 0:00

Американскиот претседател Џо Бајден отстапи потпретседателката Камала Харис да биде кандидат за претседател на САД. Колку ситуацијата на Бајден е слични со таа на Линдон Џонсон кој во 1968 обзнани дека не се кандидира за втор мандат. Анализа на Стив Херман. .

Тоа е Линдон Џонсон во 1968 година кога објави дека тој не сака втор мандат како претседател. Во истата просторија, Овалната канцеларија на Белата куќа, 56 години подоцна, претседателот Џо Бајден објасни зошто решил, исто така, да се откаже од трката.

„Знаете дека има време и место, но има и време и место за нови гласови, свежи гласови, да, помлади гласови и тие време и место се сега“, рече Бајден.

И Џонсон и Бајден, во последната година од нивниот мандат, беа непопуларни. Поделената партија на Џонсон на крајот го избра неговиот потпретседател Хјуберт Хамфри.

„Подготвен сум да ја водам нашата земја“, рече тогаш Хамфри.

Мнозинството гласачи во 1968 година не мислеше така, избирајќи го републиканецот Ричард Никсон наместо кандидатот на Демократската партија.

Демократите овојпат брзо се обединија зад својот потпретседател.

„Значи, моментумот во оваа трка се менува“, посочи Камала Харис.

Тоа ѝ даде поттик на Камала Харис во обидот да го порази републиканскиот кандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп, според професорот по претседателски студии на Универзитетот на Вирџинија, Гвин Меки.

„За разлика од Хамфри, таа навистина можеше, барем во моментот, да се одвои од таа непопуларност, да развие свој политички идентитет и навистина да го промени моментумот на изборите“, вели Меки.

Во претседателската библиотека Џонсон неодамна, Бајден рече дека долго време се восхитувал на јавниот сервис на покојниот претседател, од учител од рурален Тексас до сенатор, потоа потпретседател и претседател.

„Неговата филозофија беше едноставна: во големо општество, никој - никој не треба да биде запоставен“, посочи Бајден.

Достигнувањата на Џонсон - закони за граѓански права и права на глас, програми за социјална заштита, федерално финансирање за училиштата и некои од првите значајни закони против загадувањето, беа засенети од неговата изгубена битка во непобедливата војна во Виетнам.

Во последниве години, Џонсон, сепак, се искачи во првата четвртина од рангирањето на историчарите на 46 американски претседатели.

46-тиот претседател, пак, ќе остане запаметен по хаотичното повлекување од Авганистан, како и по неговите иницијативи за климатски промени и ревитализација на индустриската база на Америка.

Поголемото наследство на Бајден може да зависи од судбината на неговата недовршена дипломатија во Украина и на Блискиот Исток, забележува професорот Меки од Универзитетот на Вирџинија.

„Зависи од тоа дали достигнувањата растат со текот на времето и ги надминуваат ограничувањата на неговиот рекорд, а тоа ќе го обликува неговото историско наследство и неговиот ранг меѓу американските претседатели“, додава Меки.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG