Линкови за пристапност

Иновативен бизнис во Конго: Компанија создава еколошки камен од пластичен отпад


Иновативен бизнис во Конго: Компанија создава еколошки камен од пластичен отпад
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Во Гома, град во Демократска Република Конго, компанија за рециклирање предводена од жени се справува со загадувањето со пластика и создава работни места за некои од милионите внатрешно раселени лица во земјата. Известува Занем Нети Заиди.

Ирена Марој е менаџерка во бизнис во женска сопственост што го претвора пластичниот отпад во еколошки камен. Со седиште во Гома, во Демократска Република Конго, компанијата обезбедува работа за луѓе раселени од години војна.

Марој вели дека нејзиниот фокус е на младите внатрешно раселени лица, надевајќи се дека ќе ги спречи да се приклучат на вооружените групи.

„Кога видов дека толку многу млади луѓе се приклучуваат кон вооружените групи бидејќи немаа работа, знаев дека имам должност да помогнам. И кога војната ги принуди нашите сограѓани да побегнат во градот, решив да поддржам некои од раселените со купување на пластичен отпад што го собираат. Благодарение на ова, многумина, особено жените, сега можат да се грижат за своите семејства“, вели Марој.

Од април 2024 година, бизнисот има 6,8 милиони внатрешно раселени лица, според Обединетите нации.

Бонифејс Кајна, татко на седум деца, е еден од нив. Тој вели дека е благодарен за работата.

„Со божја помош ја запознав Ирина. Таа ме научи како да го претворам пластичниот отпад во еколошки камен. Благодарен сум затоа што на 15-ти и 30-ти секој месец, добивам плата пред Светската програма за храна да ни помогне во кампот. Тие пари ми помагаат мене и моето семејство да преживееме“, вели Кајна.

Компанијата, исто така, има за цел да го намали пластичниот отпад. Речиси три години, каменот произведен од компанијата помогна да се поплочи градот Гома и беше поставен и на приватни парцели, вели клиентот Глоар Мухиндо.

„Избрав да го купувам овој камен главно затоа што е направен локално, што навистина ме мотивираше. Тие се направени од пластичен отпад, како кеси и шишиња, што ги фрлаат во нашиот град. Поддршката на оваа иницијатива не само што го промовира рециклирањето, туку и помага нашиот град да биде чист“, посочува Мухиндо.

Тимот на Марој вели дека секој месец во Гома рециклира околу десет тони пластика. Таа вели дека постигнува две цели: борба против пластичниот отпад и помагање на раселените од војната да станат посамостојни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG