Линкови за пристапност

Индија и Кина ги релаксираат меѓусебните односи, какви ќе бидат релациите кон САД?


Индија и Кина ги релаксираат меѓусебните односи, какви ќе бидат релациите кон САД?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:35 0:00

Врските меѓу Индија и Кина се затоплија во 2024 година, при што двете страни повлекоа некои трупи од точките на удар долж нивната граница. Се поставува прашањето, како тие релации ќе влијаат врз стратешката соработка на Индија со САД. Известува Ањана Пасрича.

Откако индиските и кинеските трупи се повлекоа од двете точки на вриење долж нивната спорна хималајска граница, индискиот министер за надворешни работи му рече на парламентот дека врските биле поставени во „правец на одредено подобрување“. Но, тој ја нагласи потребата за стабилност на нивната граница.

„Ние сме јасни дека одржувањето на мирот и спокојството во пограничните области е предуслов за развој на нашите врски”, рече Субрамањам Џаишанкар, индиски министер за надворешни работи.

Иако војниците можеби се повлекоа од конфронтацијата очи во очи, десетици илјади војници сè уште ја поминуваат петтата зима на Хималаите.

„Расположението на границата, самото размислување, оперативните инструкции на границата во текот на четири години беше подготвеност за војна. Затоа, нивното враќање во мирновременски распоредувања ќе биде оперативна, ментална, психолошка и структурна активност во таа смисла, што повторно ќе потрае одредено време”, посочува Сваран Синг од Универзитетот „Џавахарлал Нехру“.

Дипломатскиот дијалог на високо ниво е обновен, откако првата билатерална средба по пет години меѓу индиските и кинеските лидери во октомври ги смири тензиите што ескалираа по граничниот судир во 2020 година.

Кина соопшти дека е подготвена да работи со Индија за зајакнување на меѓусебната доверба. Но, Њу Делхи ќе биде претпазлив, велат аналитичарите.

„Границите и прашањата поврзани со границите се нешто што Индија сака прво да ги реши, а потоа да се прошири во севкупна поголема нормализација на односите со Кина”, додава професорот Синг.

Економската соработка би можела да се движи побрзо - Кина сака да се приклучи на растечките пазари на Индија, додека на Њу Делхи му треба повеќе кинески увоз бидејќи се обидува да стане производствен центар.

Кинескиот министер за надворешни работи побара од Њу Делхи да ги врати директните летови кои беа суспендирани за време на пандемијата и да ги олесни визите за кинеските државјани. Додека билатералната трговија процвета, Индија воведе ограничувања на кинеските инвестиции и визите.

„Економските врски можеби ќе се развиваат на многу позабрзан начин и, можеби, Индија би била многу полиберална во отворањето на своите пазари или отворање на одредени сектори”, вели Харш Пант од Фондацијата за истражување на набљудувачите во Њу Делхи.

Пант вели дека затоплувањето на односите меѓу Индија и Кина нема да влијае на врските на Њу Делхи со Вашингтон, кои се зближија, делумно поради загриженоста за наметливоста на Пекинг.

Покрај хималајската граница, Њу Делхи е загрижен и за зголеменото присуство на Кина во Индискиот Океан.

„Исто така, имате чувство дека и Индија и САД сакаат одреден вид Индо-пацифик, одреден вид територија, стратешка територија, која е слободна, избалансирана, отворена и фер и која е исто така инклузивна и на некој начин, тие идеи ќе продолжат да ја поттикнуваат врската“, додава Пант.

И покрај разликите околу пријателските врски на Индија со Русија, аналитичарите велат дека Вашингтон ќе остане клучен партнер за Њу Делхи. Индискиот министер за надворешни работи неодамна изјави дека врските со Соединетите држави се „големи и важни“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG