Линкови за пристапност

И покрај војната, сурогат мајчинството во Украина и натаму функционира


И покрај војната, сурогат мајчинството во Украина и натаму функционира
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:48 0:00

Пред руската инвазија, Украина беше меѓународен центар за сурогат мајчинство. Релативно ниската цена и поволната законска рамка доведоа до илјадници бебиња кои се раѓаат секоја година благодарение на украинските сурогат мајки, многу од нив за родители во странство. Марија Прус има повеќе.

Кога Русија ја нападна Украина, брачен пар од Калифорнија – Кендис Нгуен-Гелера и Џовани Гелера – го очекуваа своето прво дете, кое го носеше сурогат мајка во Украина.

„Тоа беше многу шокантно, ситуацијата беше надреална, ние само размислувавме дека можеби русите само се обидуваа да ги исплашат луѓето?

Нивниот син се роди безбедно во мај 2022 година, а за да го вратат дома, Герела мораше да отпатува во земјата разурна од војна.

„Емоциите навистина беа големи штом влеговме во безбедниот дом – прва ноќ со бебето... Знаевме дека нашето момче мораше да помине низ толку многу нешта…“

Со години Украина е една од примарните дестинации за парови кои не можеле успешно да имаат свои биолошки деца. Законите усвоени во Украина во 2013 година дозволуваат сурогат репродуктивни услуги да добиваат украинска или странска хетеросексуална двојка, официјално во брак, но неплодни. Тие закони ја претворија Украина во центар за сурогат мајчинство.

„Пред сето тоа да се случи, знаевме дека Украина има многу златен стандард што се однесува до сурогат мајчинството…“

За некоја да се квалификува и да стане сурогат мајка, правилата се едноставни: жената треба да има меѓу 25 и 35 години и да има свое здраво дете. Сурогат-мајката не смее да има никаква генетска врска со детето што го носи - генетскиот материјал на ембрионот треба да биде на најмалку еден член од парот кој има потреба од сурогат услуги, а биолошките родители на детето се негови законски старатели од моментот на зачнувањето.

Денес, и покрај војната, услугите за сурогат мајчинство остануваат популарни меѓу странците, вели Марија Фикс, шеф на северноамериканската филијала на украинската клиника за плодност Адонис.

„Тука не ги вклучувам програмите за донација на јајце клетки и други кои не биле поврзани со сурогат мајчинство. Во 2023 година, имаше 107 бебиња. Многу повеќе бремености се случуваат и продолжуваат…“

За да ги заштити сурогат мајките и бебињата, агенцијата воведе строг сет на правила за потенцијалните кандидатки за сурогат, а Фикс вели дека многу жени се враќаат за повторно да бидат сурогат.

Меѓу нив, жената што го родила првото дете на Гелерас; минатата година таа се понудила да роди и нивно второ бебе.

„Го направивме тоа, и тоа беше одлично искуство по втор пат!“

Оваа 26-годишна жителка на Днепро, која побара да остане анонимна, двапати била сурогат мајка, а нејзината втора сурогат бременост за американски пар се случила кон крајот на 2022 година, околу 8 месеци по почетокот на руската инвазија. Вели, бременоста била потешка.

„Експлозии... да, понекогаш беше тешко, но се прашував - дали можам да направам нешто за тоа што се случува? Може ли да сменам нешто? И одговорот на ова беше не. Само се трудев да не го земам тоа премногу при срце и се обидов да бидам што е можно помирна…“

Фикс вели дека почетокот на војната предизвика пад на бројот на странски двојки кои бараат сурогат мајки во Украина, но денес, 2,5 години подоцна, бизнисот е прилично вратен во нормала.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG