Од различни делови на вселенскиот брод, до вселенскиот костим на астронаутот, па дури и допирање на мало парче од Месечината - посетителите на интерактивната изложба можат да го видат во музејот Интерпид во Њујорк, изложба наречена како: Аполо - Кога отидовме на Месечината.
Изложбата е сместена во огромен павилјон на палубата на носачот на авиони Интерпид, национална историска знаменитост закотвена на брегот реката Хадсон во Њујорк.
Кустосот на изложбата, Кејт Гуд, вели дека тоа е прва таква голема колекција на сите нешта што мисијата на Месечината и Аполо се прикажани во Њујорк.
„Позади нас има вселенски костум, тоа е американски вселенски костим. Тоа е првиот костим што некогаш некогаш се користел... Ова е шлем што е расчленет на парчиња“, вели Гуд.
Тука се и гипсовите од рацете на американските астронаути кои биле потребни за да се направат нивните вселенски ракавици.
Како дел од програмата Аполо, американските астронаути слетале на Месечината шест пати помеѓу 1969 и 1972 година.
Но, првата мисија останува најпозната, како и имињата на нејзините тројца астронаути: Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс.
Во свет во кој автомобилите сега можат сами да возат, малку е шокантно да се видат работите што астронаутите морале да ги прават без помош од компјутери.
„Ова е контролна прачка - ефективно, џојстик, за да може да ги користи погоните за да се прилагоди движењето, кога биле надвор од атмосферата. И прирачникот за проверка за тоа што требале да направат за да заминат!“, додава Гуд.
Изложбата, исто така, оддава почит на вселенската трка меѓу САД и тогашниот Советски Сојуз.
„Тоа беше вселенската трка! Кој би можел да направи подобра капсула? Кој би можел да направи подобра ракета?“, рече Гуд.
Изложени се и вселенските костим на советските астронаут како и оригиналната капсула Сојуз.
Прибори и компаси кои му припаѓале на воздухопловниот инженер на ракетата Сатурн, Вернер фон Браун, снимки од говори на Хрушчов и Кенеди како и архивски снимки од првиот лет до Месечината. Сите овие артефакти се одлична можност за посетителите да ја почувствуваат атмосферата на турбулентните и револуционерни 60-ти години.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 2-ри септември.
Facebook Forum