Линкови за пристапност

Гласачите во САД предупредени за наплив од лажни информации за време на изборите


Гласачите во САД предупредени за наплив од лажни информации за време на изборите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:42 0:00

Аналитичарите велат дека американските гласачи треба да бидат внимателни за странски дезинформации кои сакаат да ги попречат претседателските избори во ноември. Истражувавме како Американците ја перципираат таканаречената закана од „операции со влијание“. Известува Вероника Балдерас Иглесијас.

Американските разузнавачи работат деноноќно за да го заштитат претседателските избори во ноември 2024 година од малигно странско мешање.

Но, обидите да се спречат дезинформациите веќе се во тек, велат аналитичарите.

„Да се обидат да ја зголемат поларизацијата, да ја поткопаат довербата во демократските институции на САД. И тоа може да биде во форма на објави на социјалните мрежи кои навистина тестираат дали демократијата функционира. На пример, ако некој странски актер смета дека одреден кандидат не е корисен за нивните геополитички улоги, таму гледаме активност која во основа ги поткопува тие кандидати“, вели Шон Мајнор од Компанија за сајбербезбедност.

Новите технологии можат да им помогнат на лошите актери полесно и побрзо да шират лаги, предупреди претседавачот со Комитетот за разузнавање на Сенатот, демократскиот сенатор Марк Ворнер, за време на неодамнешното сослушување во Конгресот.

„Имаме целосен нов почеток со вештачката интелигенција. Вештачката интелигенција ги зголемува алатките за мешање, дезинформирање. Чувствувам дека е критично важно да направиме подобра работа на двопартиски начин да ја едуцираме американската јавност оти овој проблем не исчезнал“, вели Ворнер.

Американските гласачи интервјуирани од Гласот на Америка рекоа дека се свесни за заканата, но ги признаваат предизвиците за поединците да ја разликуваат вистината од лагите, особено на социјалните мрежи.

„Тие можат да користат софтвер за вештачка интелигенција за да всушност, знаете, дезориентираат, или дефинитивно да го променат она што всушност лицето го кажува“, смета гласачот Кејлон Ведерс.

„Многу е тешко затоа што честопати слушателите не се она што вие ги нарекувате критички мислители, и тие само веруваат во она што го слушаат на одредена платформа“, додава Шела Дебонис, жителка на САД.

Мислењата се разликуваат меѓу гласачите за тоа како да се справат со предизвикот.

„Мислам дека треба да има вклучена независна страна која може да ги потврди овие информации, бидејќи во спротивно сме оставени да им веруваме на одредени луѓе или платформи да ни дадат точни информации“, додава Џо Џаџ, гласач.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG