Линкови за пристапност

Ромни победи на прелиминарните избори во Флорида


Ромни победи на прелиминарните избори во Флорида
Ромни победи на прелиминарните избори во Флорида

Американскиот претседателски кандидат Мит Ромни доби голем поттик за номинација од Републиканската партија со солидната победа од вторникот на прелиминарните избори во југоисточната држава Флорида.

Во неговиот победнички говор, во градот Тампа, Ромни го критикуваше претседателот Барак Обама и го обвини за економските проблеми на државата. Тој вети дека ќе ја укине здравствената реформа на претседателот, ќе го избалансира буџетот и ќе ја внесе земјата во нова ера на економски просперитет:

„Оваа кампања е повеќе од замена на претседателот. Таа е за спасување на духот на Америка. Претседателот Обама и јас имаме многу различни визии за Америка. Претседателот Обама сака да ја зголемува владата и да продолжи со трупање на дефицитот во вредност од трилиони долари. Јас ќе го намалам трошењето на владата. Нема само да го замрзнам владиниот дел во таа економија. Ќе го намалам. И без кревање на даноците, конечно ќе ја донесам Америка до балансиран буџет“.

Со сите изброени гласови, поранешниот гувернер на Масачусетс доби 46 проценти од гласовите на Флорида, далеку повеќе од неговиот најблизок ривал, поранешниот спикер на Претставничкиот дом, кој доби 32 проценти од гласовите.

Според правилата на партијата, Ромни ги добива сите 50 делегатите на државата кои се алоцирани за националната конвенција. За да ја добие претседателската номинација, на кандидатот му требаат 1,144 од 2,286 делегатски гласови на конвенцијата.

Републиканските прелиминарни избори дојдоа нешто повеќе од една недела откако Гингрич го победи Ромни со двоцифрена маргина на прелиминарните избори во Јужна Каролина.

Силното претставување на дебатите и интензивното рекламирање со кое беше нападнат Гингрич, му помогнаа на Ромни да победи во Флорида. Во неговиот говор тој им кажа на поддржувачите дека ќе ја промени насоката во која оди државата.

Но Гингрич, кој минатата година беше назад во анкетите излезе напред во Јужна Каролина, ветува дека кампањата за него не е завршена.

“Мислам дека Флорида направи нешто важно, доаѓајќи пред Јужна Каролина. Сега е јасно дека ова ќе биде трка на двајца, меѓу конзервативен лидер, Њут Гингрич, и умерен од Масачусетс. Гласачите на Флорида тоа навистина јасно го покажаа. Сега гледате дека многу луѓе носат знаци за претстојните 46 држави каде ќе има избори. Ние ова делумно го направивме за елитните медиуми, зашто истите луѓе кои рекоа дека сум мртов во јуни и јули, и кажаа дека сум минато по Ајова, кои беа сосема неми по Јужна Каролина каде победив, сега повторно прашуваат – Каде ќе оди Гингрич?. Затоа вечерва сакам да ги разуверам – одиме да се натпреваруваме на секое место и ќе победиме и ќе бидеме во Тампа, јас како номиниран во август", рече Гингрич.

XS
SM
MD
LG