Линкови за пристапност

Ромни ја сели кампањата во Јужна Каролина


Ромни ја сели кампањата во Јужна Каролина
Ромни ја сели кампањата во Јужна Каролина

По победата во Њу Хемпшир Мит Ромни се обидува да ја зацементира номинацијата за претседател од неговата партија

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни ја носи претседателската кампања во сојузната држава Јужна Каролина во обид да го зацврсти обидот за добивање на републиканската номинација.

Ромни почна кампања во Јужна Каролина по победата на прелиминарните избори во Њу Хемшир каде освои 39 проценти од гласачките ливчиња, додека тексашкиот конгресмен Рон Пол заврши втор, а поранешниот американски амбасадор во Кина Џон Хантсман трет.

Поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич и поранешниот американски сенатор од Пенсилванија Рик Санторум беа изедначени по бројот на освоени гласови на четврто место.

Тексашкиот гувернер Рик Пери кој не беше успешен во Њу Хемпшир и го освои последното место, веќе со недели води кампања во Јужна Каролина.

XS
SM
MD
LG