Линкови за пристапност

Мит Ромни „на нишан“


Мит Ромни „на нишан“
Мит Ромни „на нишан“

Конзерватизмот на водечкиот републикански претседателски претендент на испит на последната ТВ-дебата.

Шесте главни републикански претенденти за претседателските избори за два дена одржаа две дебати, непосредно пред утрешните прелиминарни партиски избори во Њу Хемпшир.

Во кампањата сите кандидати ги нагласуваат своите конзервативни погледи, во контраст на полибералната политика на претседателот Барак Обама. Па сепак, на синоќешната дебата во североисточната сојузна држава Њу Хемпшир, тие го ставија на испит конзерватизмот на, според анкетите, водечкиот кандидат, поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни.

Поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич го окарактеризира Ромни како „плашлив опортунист“, а не вистински конзервативец и прогнозираше дека Ромни ќе има „потешкотии да биде избран“.

Ромни ги бранеше својот конзервативен учинок и побара кратење на владините трошоци, но не и` зголемување на даноците, за што, како што рече, се залага претседателот Обама. Според анкетите, тој и натаму е голем фаворит да ја однесе победата во Њу Хемпшир, со што вниманието во голем дел е насочено на тоа кој ќе го освои второто место - тексашкиот конгресмен Рон Пол или поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум. Ромни оствари тесна победа над Санторум на претходните избори во Ајова. Останатите кандидати во дебата беа тексашкиот гувернер Рик Пери и поранешниот амбсадор во Кина Џон Хантсман.

Ромни изминатите неколку месеци се најде на удар поради претходната кариера, кога заработил милиони долари на чело на приватна инвестициона фирма. Многумина велат дека фирмата отпуштила стотици вработени во компаниите кои ги купила, во исто време остварувајќи голем профит за инвеститорите.

Фокусот на политичката дебата спроти прелиминарните избори во Њу Хемшир е на потребата од отворање на работни места за да се намали високата стапка на невработеност.

XS
SM
MD
LG