Републиканските гласачи во југоисточната сојузна држава Флорида излегуваат на гласачките места во вторник возначаен натпревар за трката за партиска претседателска номинација.
Ново истражување на јавно мислење, од Истражувачкиот институт на Универзитетот Квинипек, покажа дека мултимилионерот и поранешен гувернер на североисточната држава Мит Ромни одржува 14-процентно водство во однос на неговиот најблизок ривал, поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич.
Повеќе од 600 илјади жители на Флорида веќе гласаа пред денешното отварање на гласачките места давајќи ги најголем дел од гласовите за Ромни.
Двајцата кандидати водеа силна кампања во оваа држава. Аналитичарите очекуваат резултатите да имаат огромен учинок на тоа кој ќе го предизвика демократот Барак Обама на ноемвриските претседателски избори.
Двајца други кандидати исто така се на гласачкото ливче во Флорида, поранешниот американски сенатор Рик Санторум и тексашкиот конгресмен Рон Пол, иако истражувањата покажуваат дека тие се далеку зад двајцата први на листата.