Линкови за пристапност

Дебата на републиканските претседателски кандидати во Флорида


Дебата на републиканските претседателски кандидати во Флорида
Дебата на републиканските претседателски кандидати во Флорида

Двајцата водечки кандидати за американската претседателска номинација од Републиканската партија разменија остри напади за време на националната телевизиска дебата во југоисточната држава Флорида во понеделникот, само неколку дена пред круцијалните прелиминарни избори во таа држава.

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни отиде во офанзива против ривалот Њут Гингрич, поттикнат од разочарувачката победа на Гингрич минатата недела на прелиминарните избори во Јужна Каролина. Ромни го обвини Гингрич за „вршење влијание“ додека работел како советник на Фреди Мек, гигант за станбени кредити поткрепен од владата, кој се обвинува за придонес во американската криза во секторот за домување.

Ромни исто така ја нападна етичноста на Гингрич, обвинувајќи го за срамно повлекување од функцијата спикер на Претставничкиот дом во 1990-те.

Од негова страна, Гингрич го обвини Ромни за ширење лаги за неговата работа, и се повика на изјави од противниците на Ромни во претседателската трка 2008-ма, која кажа дека поранешниот гувернер „не може да каже вистина“.

Гингрич се упатува на прелиминарни избори на 31 јануари со моментум од победата минатата недела врз двајца други ривали, поранешниот сенатор Рик Санторум од Пенсилванија и тексашкиот конгресмен Рон Пол во Јужна Каролина.

XS
SM
MD
LG