Линкови за пристапност

Мит Ромни победи во Њу Хемшир


Мит Ромни победи во Њу Хемшир
Мит Ромни победи во Њу Хемшир

Рон Пол втор меѓу републиканските претенденти за претседателските избори.

Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни победи на прелиминарните избори во Њу Хемшир, што се толкува како голем чекор напред да ја добие републиканслата номинација и да излезе против претседателот Барак Обама на претседателските избори во ноември.

Ромни со 39% од гласовите го победи конгресменот од Тексас Рон Пол, кој освои 23%. Поранешниот амбасадор во Кина Џон Хантсман заврши како трет со освоени 17%.

Ромни е прв републиканец кој победил на првите две прелиминарни избори во Ајова и во Њу Хемшир во последните 30 години.

На долниот дел од листата во Њу Хемшир, според бројот на освоени гласови се најдоа поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич, а веднаш зад него беше поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум. Тексашкиот гувернер Рик Пери заврши на последното место, со најмала доверба меѓу гласачите.

Шесте главни републикански претенденти во кампањата ги истакнуваат своите конзервативни гледишта, во контраст на полибералната политика на претседателот Барак Обама.

XS
SM
MD
LG