Линкови за пристапност

Фармери жени од Малави произведуваат вино од презреани банани


Фармери жени од Малави произведуваат вино од презреани банани
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Жените фармери од Малави почнале да произведуваат вино од презреани банани. Тоа им било решение за справување со климатските промени од кои било погодено и производството на банани. Ламек Масина известува од областа Каронга во Малави.

Реџина Кандавире произведува банани во областа Каронга во северниот дел на Малави. Таа долго време ги фрлала бананите кои биле презреани поради екстремните температури.

Малави трпи некои од најлошите влијанија на климатските промени, кои резултираа со природни катастрофи во последните три години.

Овде, во Каронга, на пример, топлите временски услови, кои понекогаш достигнуваат и до 43 Целзиусови степени, предизвикале силни топлотни бранови што ги погодија погодоле фармерите како Реџина.

„Се соочив со многу проблеми. Не можев да најдам пари за да купам храна и да платам школарина за моите деца. Тогаш решив да се приклучам на група фармери кои произведуваат банани“, објаснува Реџина.

Но, со поддршка од Здружениот сојуз КОМСИП, жени и неколку мажи во задругата Твитуле ги трансформираат своите презреани банани во вино за да ги надоместат нивните загуби.

„Сега имам многу профит и можам да плаќам школарина за моите деца. Купив и добиток што го продавам секогаш кога ми требаат пари за да ги задоволам потребите на моите деца на училиште“, вели Реџина.

Процесот на производство вклучува ферментирање на презреани банани со шеќер, квасец, вода и лимони. Финалниот производ содржи 13% алкохол и се продава за околу три долари по шише.

Сепак, предизвикот е што фармерите допрва треба да добијат сертификација за да го продаваат своето вино надвор од државата.

„Многу голем проблем е да се однесе нивното вино во странство. Значи, во моментов чекаме Бирото за стандарди во Малави да им го даде сертификатот и да направи нешто нивниот производ да биде познат насекаде во светот“, вели Елизабет Мваклиама, координатор на Здружениот сојуз КОМСИП.

Властите велат дека иницијативата ги надополнува напорите за економско зајакнување на ранливите групи.

„Ги земаме за да имаат храна за работните програми. Затоа, кога го прават ова, ги охрабруваме да формираат групи, па ги обучуваме за промена на начинот на размислување. Имаме правилник кој им помага да почнат да размислуваат поинаку“, вели Симеон Длову, помошник - службеник за развој на заедницата.

Во моментов групата произведува околу 45 шишиња дневно, но тие велат дека се во план за купување машини кои ќе го зголемат производството за да се задоволи зголемената побарувачка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG