Линкови за пристапност

Економските прашања најбитни за гласачите во САД


Економските прашања најбитни за гласачите во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00

Американските гласачи велат дека економијата е една од нивните најголеми грижи на годишниве претседателски избори. Дописникот на Гласот на Америка Скот Стернс, гледа како кандидатите Џо Бајден и Доналд Трамп размислуваат за економијата.

Гласачот од Висконсин Тереза Лабс е загрижена за економијата на САД и за тоа како нејзиното семејство ќе ги покрие повисоките трошоци.

„Тешко е за работничко семејство како нашето да оди во продавница за храна и да не потроши 100 до 150 долари секој викенд, размислувајќи што да купи тогаш, а што да остави за следната недела. Цените на бензинот растат и не разбирам зошто“, вели Лабс.

Лабс вели дека гласа за Џо Бајден со надеж дека тој „ќе продолжи да работи уште понапорно во следните четири години“ за да им го олесни животот на работничките семејства.

Таа економска вознемиреност ја поттикнува и поддршката за Доналд Трамп.

Гласачот од Џорџија Феј Боулинг вели дека ова е најлошата економија што некогаш ја видела.

„Јас сум 73-годишна баба на 17 внуци. Ви велам дека никогаш во мојот живот не сум ја видела економијата толку лоша како што е сега. И јас сум за Доналд Трамп. Сакам сите да излезат, и сакам црвен бран да дојде во ноември, затоа што треба да го вратиме Претставничкиот дом, Сенатот и претседателството, и да ја одржиме оваа земја“, вели Боулинг.

Економијата е главното прашање за гласачите на овие претседателски избори, при што мнозинството луѓе во анкетата на Харвард-Центарот за американски политички студии/Харис минатиот месец, рече дека инфлацијата е најголемото прашање што ги засега лично.

Оваа загриженост доаѓа и покрај тоа што американскиот Оддел за труд извести за подобри од очекуваните вработувања во првиот квартал од годината, при што здравствените, владините и градежните сектори додадоа најмногу работни места, невработеноста е под 4 проценти, а платите продолжуваат да растат.

Трамп рече дека американската економија пропаѓа, и на настан за собирање пари во Флорида, рече дека тој е човекот што ќе ја поправи.

„А луѓето само сакаат промени. Богатите луѓе ги сакаат. Сиромашните луѓе го сакаат тоа. Сите сакаат промени. На земјата навистина ѝ оди лошо. Ние сме за потсмев низ целиот свет. Ќе ја постигнеме таа промена многу брзо“, истакна Трамп.

Бајден на собир во Невада рече дека ја повратил економијата повредена од коронавирусот и од даночните намалувања на Трамп за побогатите Американци.

„Работите се менуваат. Невработеноста е драстично намалена, со повеќе жители што работат во Невада повеќе од кога било во историјата на сојузната држава, а илјадници градови низ цела Америка го гледаат големиот повраток“, рече Бајден.

Бајден вели дека економијата ќе се подобри како дел од неговиот план да укине дел од студентските заеми.

„Луѓе, никогаш нема да престанам да давам олеснување на студентскиот долг на вредните Американци. Само во интерес на Америка да го правиме тоа. И повторно, тоа е за доброто на нашата економија. Таа станува се` посилна и посилна“, посочи Бајден.

Анкетата на Харвард ги покажува политичките поделби во државата околу економијата, при што речиси две третини од демократите велат дека економијата е на вистинскиот пат, но само 12 отсто од републиканците го одразуваат тој оптимизам.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG