Линкови за пристапност

Допатувале во екот на руската инвазија: Многумина странци и денес помагаат во Украина


Допатувале во екот на руската инвазија: Многумина странци и денес помагаат во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:37 0:00

Странците живеат во Украина, избирајќи да се соочат со заканата од гранатирање наместо да останат на безбедно во нивните матични земји. Разговаравме со лица од САД и од Данска кои допатувале во Украина во екот на инвазијата. Известува Лесија Бакалец.

Од Капитол Хил во Вашингтон до ладно складиште на периферијата на Киев, Украина, Стивен Мур, поранешен началник на Генералштабот до член на Конгресот, знаеше каде треба да биде по инвазијата на Русија на 24 февруари 2022 година.

„Се качив во авион и стигнав во Украина на петтиот ден од војната“, раскажува Мур.

И дојде тој носејќи залихи.

„Купив двогледи, воки-токи, батериски ламби и некои медицински материјали. И ги спакував сите во четири големи куфери“, вели Мур, кој додека се обидувал да влезе во Украина, илјадници луѓе чекале во долги редици, обидувајќи се да излезат.

На својата прва посета, Мур донел залихи што сам ги набавил. Подоцна, тој создаде непрофитна организација во САД и се пресели во Киев. Мур објаснува што го натерало да го направи тоа.

„Две работи. Ја сакам Украина. А дел од причината е затоа што слободата е многу важна основна вредност за мене. И така гледам како Украинците се борат за својата слобода“, вели Мур.

Мур ги информира своите поранешни колеги од Капитол Хил за тоа што навистина се случува во Украина. Од септември, тој посети околу сто конгресни канцеларии.

„Америка живее во илузија дека има избор дали да учествува или не во војните во Европа и на Блискиот Исток. И изборот не е ДА или НЕ. Изборот е дали сега ќе испратиме релативно евтино оружје или дали ќе испратиме војници, животите на нашите синови и ќерки, бидејќи Путин нема да запре со Украина“, смета Мур.

Мур не се враќа во својата татковина во скоро време. Ниту пак Карен-Мари Крагелунд од Данска, која вели дека Киев е нејзиниот роден град сега.

Се сретнавме со Крагелунд веднаш по нејзините часови по украински. Таа течно зборува руски, но по години во Украина сака да зборува на нејзиниот официјален јазик.
„Дојдов овде за да се приклучам на ИТ индустријата и пред околу шест години започнав сопствен бизнис каде што ги советувам компаниите за организациска трансформација и управување со промени. Всушност, следната недела, ја славам мојата 17-годишнина овде“, вели Крагелунд.

Кога пукањето во Киев започнало на почетокот на војната, таа побегнала на запад од Украина, а подоцна се вработила во Холандија. По една година одлучила дека мора да се врати во Украина.

„Ја преминавме границата и тоа ми донесе внатрешен мир да се вратам на украинско тло. Се чувствував како полуукраинка. Тука можам да направам разлика“, вели Клагерунд.

Кога зборува за конфликтот, Крагелунд зборува за „нашата војна“. Таа сака да и помогне на Украина што е можно повеќе.

„Финансиски да се помогне е само еден од начините. Друг начин да се помогне е да се советуваат организациите овде. Моментално работам со многу голема невладина организација, на јакнење на нивните капацитети“, смета Клагерунд.

И Мур и Крагелунд велат дека додека нивните пријатели и роднини не го разбираат нивниот избор да живеат во воена зона, тие престанале да се обидуваат да ги убедат да се вратат во нивните татковини.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG