Линкови за пристапност

Демнење и закани: Спортски новинарки изложени на интензивни онлајн напади 


Демнење и закани: Спортски новинарки изложени на интензивни онлајн напади 
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:25 0:00

Спортската новинарка од Венецуела, Мари Монтес, претрпе долгогодишно омаловажување на Интернет кон неа и нејзиното семејство. Аналитичарите велат дека дигиталните напади често се користат за да се обидат да се дискредитираат и замолчат новинарките. Јулија Риера со детали.

За Мари Монтес, фотографијата од нејзиниот син објавена покрај непријатна порака ги премина сите граници. Тоа е акт на онлајн напаѓач.

„Тоа е кампања за вознемирување со цел да ме дискредитира. Се разбира, тоа влијае врз мене, влијае врз мојот углед, семејството“, вели Монтес.

Новинарката од Мајами вели дека се соочувала со навредливи закани и пораки од „виртуелен демнач“ на Интернет, и неговите следбеници преку социјалните мрежи од 2018 година.

Тие на почетокот се обиделе да ја дискредитираат нејзината работа како спортски новинар, но Монтес вели дека онлајн нападите станале почести и поинтензивни и на крајот вклучиле и физички закани.

Новинарката вели дека следбениците на демначот, кој е во Венецуела, ги фотографирале Монтес и нејзиното семејство во Мајами. Потоа ги споделил по социјалните мрежи.

„Негативните коментари беа дека жените не можат да зборуваат за бејзбол, дека јас не знам ништо за овој спорт. Нема што да докажувам за моето познавање на бејзболот, но личните напади врз мојот углед, бракот, моите деца... тоа е друга работа“, категорична е Монтес.

Новинарката ги информирала американските власти за случајот, но бидејќи нејзиниот виртуелен напасник е надвор од земјата, тие можат малку да направат нешто. Нејзиниот случај не е изолиран.

Заедничката студија на Меѓународниот центар за новинари и УНЕСКО покажа дека 73 отсто од анкетираните новинарки доживеале насилство на Интернет.
Набила Шабир е еден од истражувачите на студијата.

„Има замолчување на клучни жени - новинарки кои се обидуваат едноставно да ја завршат својата работа“, вели Шабир.

Злоупотребата и заканите преку Интернет може да имаат психолошки ефект и да доведат до само-цензура за критичните прашања, велат експертите.

„Колешките престанаа да објавуваат на социјалните мрежи, а некои дури и го напуштија новинарството поради овие напади. На крајот на краиштата, тоа е нивната цел: да ве заплашат и замолчат!“, посочува Мариана Белосо, новинарка.

А сторителите на онлајн - вознемирување доаѓаат од многу извори.

„Од владите. Од некакви авторитарни лидери... Потоа, имате голем број лажни профили, тролови, кои имаат цел да ги исмеваат луѓето“, вели Надин Хофман од Меѓународната фондација за жени во медиумите.

Експертите велат дека онлајн таргетирањето на новинарите е често, но репортерките се издвојуваат како мета на повеќе родови напади.
Студијата на Центарот за новинарите покажа дека една од пет новинарки пријавила дека била жртви на напади онлајн. Експертите велат дека се потребни итни мерки за заштита на новинарите и покренување одговорност за одговорните.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG