Линкови за пристапност

Дали Врховниот суд ќе ја укине ДАКА?


Седум сојузни држави, предводени од Тексас минатата недела поднесоа тужба против федералната влада за да ја принудат да ја укине Програмата за одложено пристигнување деца, позната како ДАКА. Со тоа следејќи го патот со кој тие веќе елиминираа друга контроверзна имиграциона политика, ДАПА.

Одложената акција за родителите на Американците и програмата за законско постојано жителство, или ДАПА беше предложена истовремено со ДАКА со цел да се заштитат околу 4 милиони лица од депортација, од кои повеќето се родители на американски државјани.

Но, ДАПА никогаш не стапи на сила бидејќи Врховниот суд ја прогласи за неуставна во 2014-та година.

Тужбата против ДАПА првично беше поднесена во Окружен суд во Тексас од страна на 26 сојузни држави, предводени од Тексас.

Тужбата против ДАКА е на истата патека. Таа е поднесена до истиот судија како и ДАПА, во Браунсвил, Тексас. Потоа најверојатно ќе биде поднесена жалба до Петтиот окружен апелационен суд, за подоцна тужбата да заврши во Врховниот суд на САД.

Но, постојат и разлики.

ДАПА никогаш не стапи во сила, додека повеќе од 700.000 млади луѓе ја користеа ДАКА, мерка која е исклучително популарна кај американската јавност.

Претседателот Доналд Трамп минатата година кажа дека Конгресот треба да усвои легислатива за ДАКА. Сепак законодавците не постигнаа договор.

Оттогаш, три судови пресудија дека програмата мора да продолжи додека се тестира нејзината уставност.

Службата за државјанства и имиграција на САД прифаќа апликации за обновување на ДАКА, а Одделот може да биде принуден по 23-ти јули да прифаќа и нови апликации за ДАКА, ако сојузната влада не е во можност адекватно да објасни зошто става крај на политиката.

Тужителите од Тексас побарала расправата да се одржи пред тој датум.

Досега има три поволни пресуди за ДАКА. Со четвртата, која најверојатно ќе биде неповолна, федералната влада би можела да се најде меѓу конфликтни судски одлуки.

На крај ДАКА ќе се најде пред Врховниот суд, кој че мора да одлучи и за ДАПА.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG